2010-04-19 10:10:32

Спасението доаѓа од љубовта Божја, а не од техологијата; не дозволувајте верата секакви гласови да ве заведат и верат да ја оставите на страна: беа зборовите на Папта Бенедикт на Мисата во Флориана


Малта срдечно и со големо присуство го пречека Папата: околу 100 илјади верници по улиците го поздравија Бенедикт 16-ти, во сабота попладне, кога тој пристигна, по повод 1950 годишнината од бродоломот на св. Павле што му се случи токму на овој медитерански остров. Вчера, на Плотадот Гранаи, во Флорана, немаше доволно место за сите вернци да присуствуваат на Мисата предводена од светиот Отец. Се очекуваа да пристигнат 15 илјади верници; но прстигнаа околу 50 илјади. Папата, за време на мисата повикуваше да никој да не дозволи да биде заведен од гласините, кои повикуваат верата да биде оставена на страна. Технологијата не спасува –рече Папата – но љубовта Божја.

Не постојат моменти кога животот на една личност не зависи целосно од Бога. Помислата дека би можело да биде некое „нешто“ можеби новооткриената технологија да го спаси човештвото од злото е само една илузија. Само Бог го знае патот што води кон „безбедно пристаниште“. Бенедикт 16-ти им објасни на верниците од Малта дека ова е оној зимски ден во 60 година од н.е., исфрлени од брановите на Средоземното море, Павле и неговите придружници искусија страшен бродолом и ненадежно спасение. И тоа е она што овој далечен настан го поучува денешниот човек, кој често, со малку совест, се потпира само на науката.

Убава беше глетката на Плоштаот во Флорана од големото присуство на верници. Од лево на црквата Св. Публиј, се наоѓаше олтарот на папската миса, заштитен со еден покрив и врамен во серија концентрични бели рамки, покриени со полукруг составен од панели речиси како огромен дел од нафора. Со архиепископот на Малта, Пол Кремона и епископот на Гозо, Марио Греч, Бенедикт XVI на прославата претседаваше со околу 800 свештеници. За време на хомилијата се враќаше на павловите теми, што се длабоко вградени во верата на верниците од Малта. Знам дека е "една страница која сакате да ја слушате", рече папата на 40 илјади верници собрани на плоштадот, кои го слушаа читањето од Делата на светите апостоли за бродоломот на Павле. Во овие драматични моменти, апостолот ги повикал и другите „да ја ставаат нивната доверба само во Бога„. „Исто така и ние - додаде тој - теба нашата доверба даја ставиме само во Него“:

"Едно од искушението е да се помисли дека технологијата денес може да одговори на секоја наша секоја желба и засекогаш да нè избави од опасностите што ни се наметнуваат. Но, тоа не е така. Во секој миг од нашиот живот цеосно зависиме од Бога, во кого ние живееме, се движиме и го имаме нашето постоење. Само тој може да не заштити од злото, само тој може да нее води низ бурите на животот и само тој може да нè доведе до засолниште, како што направи за Павле и неговите придружници, пристигајќи на брегот на Малта.“ 







All the contents on this site are copyrighted ©.