Писмо на кардиналот Хумес за затворање на Годината на Свештенството
Кардиналот Клаудио Хумес, префект на конгрегацијата за свештенството, испрати писмо
до сите свештеници на светот по повод затворањето на Годината на свештенството. Ова
е текстот:
Драги светеници, Црквата е многу среќна за Годината на свештеникот
и му се заблагодарува на Господа што го инспирираше Светиот Отец да оваа година ја
посвети токму на Свештениците. Сите информации кои пристигнуваат во Рим на многуте
и различни иницијативи преземени од страна на локалните Цркви ширум светот да се реализра
оваа посебна година, докажува дека се се спровело добро и – може да кажеме – дека
одговори на една вистинска и длабока желба на свештениците и сите Божји луѓе. Време
беше да се обрне посебно внимание, на прилежно и незаменливо свештенство како и на
секој свештеник на Црквата.
Точно е дека некои, но пропорционално многу
помал број свештеници извршиле страшни злосторства и сериозна сексуална злоупотреба
против малолетни лица, дела кои апсолутно треба безкомпромисно да ги отфрлиме и осудиме.
Тие мора да одговараат пред Бога и пред судовите, вклучувајќи ги и цивилните. Сепак,
се молиме да дојдат до духовно обраќање и прошка од Бога. Црквата сепак реши да не
ги сокрива или минимизираа овие злосторства. Но, пред сè треба да стоиме и зад страната
на жртвите и сакаме да ги поддржиме да се изборат за нивните навредени права.
Од
друга страна, некои кривични дела едноставно не може да се искористат за да се оцрни
целото црковно кор на свештеници. Оние што го прават, извршува една флагрантна неправда.
Црквата, во оваа година на Свештеникот, се обидува се’ да каже на човечкото општество.
Секое лице со здрав разум и со добра волја разбира. По тие неизбежни зборови, се
враќаме на вас, драги свештеници. Сакаме уште еднаш да ви кажеме, дека ние препознаваме
тоа што сте и она што го правите во Црквата и општеството. Црквата ве сака, се ќе
ве сака и ве почитува. Вие сте исто така радост за нашите луѓе во католичкиот свет,
кој ве поздравува и ве поддржува, особено во овие тешки времиња.
За два
месеци ќе дојдеме до завршетокот на Годината на свештениците. Папата, драги свештеници,
ве поканува од сето срце да дојдете од целиот свет во Рим за овој заклучок на 9, 10
и 11 јуни. Од земји поблиску до Рим сигурно би требало да се очекуваат илјадници и
илјадници? Затоа, не одбивајте ја итната и пријателска покана на Светиот Отец. Дојдете
и Бог ќе ве благослови. Папата ќе сака да ги потврди свештениците на Црквата. Нивното
големо присуство на плоштадот Свети Петар, исто така, ќе обезбеди проактивна и одговорна
форма на свештениците за да би се појавиле подготвени а не исплашени за својата служба
на човештвото дадени од Исуса Христоса. Нивната видливост на плоштадот пред современиот
свет, ќе биде едно прогласласување за нивно испраќање во светот не за осудување на
светот, туку да го спаси (сп. Јован 3,17 и 12,47). Во овој контекст, и голем број
на свештеници ќе има посебно значење.
За големото присуство на свештеници
на денот од затварањето на годината на свештениците, во Рим, има некои посебни причини,
што е во срцето на Црквата, денес. Ова е нашата солидарност до нашиот сакан папа Бенедикт
16-ти, нашата поддршка, нашата доверба и нашата безусловна заедница, пред нападите
најчесто поставуваните врз него, во моментов, во неговите одлуки во врска околу проблемите
на свештениците за кривичните дела од сексуална злоупотреба на малолетници. На обвинувањата
против него се јасно нефер и се покажа дека никој нема направено толку колку што направил
Бенедикт 16-ти, да осудува и правилно да се бори против ваквиот криминал. Тогаш, масивното
присуство на свештениците на плоштадот со него ќе биде силен знак на нашето отфрлање
на неправедните напади. Значи, дојдете, исто така јавно да биде поддржан Светиот Отец.
Затварањето
на Годината на свештениците не претставува соодветен заклучок, но нов почеток. Ние,
луѓето Божји и пастирите, сакаме да му се заблагодариме на Господа за ова време на
молитва и размислување за свештенството. Во исто време, ние предлагаме дека секогаш
ќе бидеме внимателен на она што Светиот Дух сака да ни каже. Во меѓувреме, да се вратиме
да ја исполнуваме нашата мисија во Црквата и светот, со обновена радост и со убедување
дека Бог, Господ на историјата, останува со нас, и во кризните и во новите времиња.
Дева Марија, Мајка и Кралицата на свештениците, да се заложи за нас и да не инспирира
во стапките на неговиот Син Исус Христос, нашиот Господ.