2010-04-16 16:21:06

Католичкиот универзитет: со експерименти врз ембрионот се враќаме на "Избор на расата"


„Изгледаат стари зборови во однос на нови експерименти, но во основа ние се враќаме на изборот на човечкиот род“. Така Центарот на Универзитетот за Биоетика на Католичкиот универзитет, претседаван од Адриано Песина, коментира за новите експерименти врз ембрионот што овие денови беа објавени по медиумите. На Универзитетот во Њукасл во Велика Британија се произведени ембриони користејќи генетско наследство од три личности. За да се избегне наследството на митохондриална болест беше, всушност, пренесеното јадро од јајната келија од една жена во јајната келија на друга жена, чија митохондриална ДНК е здрава, заедно со ДНК од машката гамета. „Во името на наводното здравје за идните генерации - се чита во една белешка од една агенцијата - се произведуваат и се уништуваат ембриони, експериментирајќи генетско нови коктели. Ја пореметува етиката било на оние што ја истражуваат било на оние што ја практицираат. Сепак, под превезот на здравјето може да се преземе било каква акција и еугенетиката на „пазарот“ се одвива спокојно во јавното мислење“. „Ниедна суптилна теоретска разлика и ниеден софистициран научен јазик – предупредува белешката – не може да не спречи да видиме дека ние всушност ги поткопуваме темелите, заработени со труд, односно идејата за еден човек како предмет што не може да биде ниту произведен ниту изработуван. Фабриката за здравјето во иднина ќе ги вброи мажите меѓу новите тестирани производи?“.







All the contents on this site are copyrighted ©.