2010-03-18 10:09:48

Бенедикт XVI на генералната аудиенција: Бог се осознава со силата на љубовта, а не само со разумот. На 19 март Папата ќе потпише пастирско писмо за сексуална злоупотреба на малолетни во Ирска


На литургискиот празник Свети Јосиф, кој Католичката црква го одбележува на 19 март, Папата ќе потпише посебно пастирско писмо, во врска со прашањето за сексуалните злоупотреби извршени од црковни службеници во Ирска. Ова го објави лично Папата за време на денешната генерална аудиенција во Ватикан:

"Како што знаете - рече Бенедикт XVI - во последните месеци Црквата во Ирска беше изложена на тешко искушение од кризата на сексуална злоупотреба на малолетници. Поттикнат од длабок немир, напишав пастирско писмо за соочување со ова болно прашање. Писмото ќе го потпишам на празникот на Свети Јосиф, покровителот на Универзалната црква и потоа веднаш ќе биде испратено. Повикувам и вие да го прочитате со отворено срце и исполнети со вера. Мојата надеж е дека тоа може да помогне во процесот на каење, исцелување и обнова ". 

Во катехистичната беседа Папата го продолжи своето размислување за фигурата на Св Бонавентура и неговата визија за богословие, споредувајќи го со тоа на Свети Тома Аквински. Според Свети Бонавентура, рече Папата, христијанскиот живот е едно постојано искачување кон Бога, коешто може да се случи само со силата на волјата и богословското истражување, според кое е потребна само светлината на љубовта. Светиот Отец зборуваше за можностите и ограничувањата на богословието, споредувајќи ги учењата на двајцата средновековни богослови во врска со прашањето дали "богословието е теоретска или практична наука, т.е. дали го води човекот само до знаењето за Бога или само кон доброто ":


"За Свети Тома Аквински, високата цел на човековата желба е да го види Бог. Само во контемплацијата на Бога, човекот ќе најде одговор на сите проблеми: ќе биде среќен и нема да има потреба од ништо друго. За свети Бонавентура, крајната цел на човекот е да го сака Бог, да го сретне и да ја соедини својата љубов со онаа Божјата. Според Бонавентура, тоа е вистинската дефиниција за нашата среќа ". 

Бенедикт XVI изјави дека во примената на теоријата и практиката, Свети Бонаветура додава еден трет аспект на богословието, којшто ги комплетира другите два: мудроста. Велејќи дека овој аспект е како "методично и рационално размислување за верата", истакна Папата, Бонавентура се задржува на еден погрешен концепт на богословието во тоа време, ке што се среќава и во наши денови:


"Според Следбениците на овој концепт, разумот би бил подреден ја верата. И тоа би бил еден насилен однос кон Словото Божје, бидејќи треба да го слушаме, а не да се анализираме Божјето Слово. На тие аргументи против богословието, коишто ги покажуваат постоечките опасности во него, Светецот одговара: "Точно е дека постои еден арогантен начин за изучување на богословието кај коешто високомерието на разумот се поставува над Словото Божје. Но вистинското богословие, рационалната работа на вистинското и доброто богословие, има друго потекло (...) Оној којшто сака, сака да го осознава се подобро и се повеќе оној когошто го сака (...). Затоа, за Свети Бонавентура одлучувачки е примената на љубовта ". 







All the contents on this site are copyrighted ©.