2010-03-15 12:13:09

Бенедикт XVI: контемплацијата на Божјиот лик ги обновува срцата


Бог го даде на човекот помирувањето, преку Исус Христос. Ако го прифатиме овој дар можеме да станеме навестители на Божјата љубов во светот. Тоа го рече Папата за време на неделната молитва Ангел Господов, којашто ја предводеше од прозорецот на работната соба пред многубројни верници и поклоненици собрани на сончевиот плоштад Свети Петар. Бенедикт XVI го цитираше Евангелието на Свети Лука за четвртата Великопостна неделата во која се раскажува приказната за блудниот син. За Папата оваа евангелска страница претставува "врв во духовността и литературата на сите времиња", бидејќи го открива Бог како "Отец исполнет со милосрдие". Таа е повик кон секој човек да се довери на милосрдието на Отецот ".

Приказната за блудниот син ", рече Папата, секогаш не бранува и секој пат кога ја слушаме или читаме откриваме нова смисла":

"Овој евангелски текст има моќ да ни говори за Бог и да го препознаеме Неговиот лик, а уште повеќе, Неговото срце. Кога Исус ни раскажува за милосрдниот Отец, работите не се како порано, бидејќи сега го познаваме Бог: Тој е нашиот Отец, којшто од љубов кон нас не создава слободни и ни дава совест и којшто страда, ако се загубиме и прославува ако се вратиме " . 

Папата објасни дека нашиот став кон Бог е аналогичен, како меѓу еден син и еден татко и поминува низ фази во односите помеѓу децата и родителите: "најпрво зависи од родителите; потоа ја бранат својата автономија и на крајот - ако има позитивен развој – се достигнува зрелостта во односите базирана на признанието и вистинската љубов".


На човечкиот пат кон Бога, Папата истакна дека постојат различни фази: првата е онаа на "детство" во која "религијата е продиктувана од потребата и зависноста. Со растењето, човек се еманципира и сака да се ослободи од оваа зависност и да стане слободен, зрел и способен на самоуправа и самостоен избор, дури и да го исклучува Бога ".

"Оваа фаза е деликатна и може да доведе до атеизам, но не ретко во неа се крие потребата да се открие вистинскиот божји лик. За наша среќа, Бог останува верен, дури и ако се одалечиме од Него и се изгубиме, и продолжува да ни помага со својата љубов, така ни ги простува нашите грешки и ѝ се обраќа на нашата свест за да не врати кај себе ". 

Во приказната за блудниот син, додаде Папата, двајцата синови имаат различно однесување: помалиот го напуштил домот и паѓа се пониско, додека поголемиот останува во куќата, но и неговото однесување кон таткото е незрело. Двајцата синови претставуваат два различни начина на незрел однос кон Бога: "инфантилно непокорство и непослушност. И двете форми на односи, појасни Папата, може да се надминат преку милосрдието:

"Само преку прошка, признавајќи се опфатени од една безмерна љубов, која е поголема од нашата сиромаштија и од нашата правда, можеме да навлеземе во вистински синовен и слободен однос со Бог".







All the contents on this site are copyrighted ©.