2010-03-11 14:01:27

Апел на Папата за настраданите од земјотресот во Турција и за мир во Нигерија. Свети Бонавентура, вистински учител за мистичнa контемплација


Папата Бенедикт XVI ja изрази својата духовна блискост кон настраданите од земјотресот во Турција и нивните најблиски за време на денешната генерална аудиенција во Ватикан.

„Ja изразувам мојата длабока блискост кон жртвите од земјотресот во Турција и нивните блиски. Се молам за секој од нив и истовремено се обраќам до меѓународната заедница да даде свој придонес, преку својата навремена интервенција и благородство во спасувачките операции". 

Бенедикт XVI упати и апел за мир во Нигерија, каде во изминатите денови беа убиени 500 лица, од кои повеќето христијани:

"Го изразувам моето длабоко сочувство за жртвите на свирепото насилство, коешто ја осквернави Нигерија и ги погоди дури и невините деца.Уште еднаш повторувам со натажено срце, дека насилството не е решение за конфликтите, туку само ги зголемува драматичните последици. Ги повикувам граѓаните со граѓанска и верска одговорност во земјата да вложат напори за безбедност и мирен соживот на целото население. Ја изразувам и мојата духовна блискост кон црковните пастири и нигериските верници и се молам да имаат силна надеж и да бидат вистински сведоци на помирувањето ". 

Пред апелите за Турција и Нигерија, Бенедикт XV ги посвети својата катехеза и размислување на доктриналното дело на Свети Бонавентура од Бањоредџо, за чиј живот говореше на генералната аудиенција минатата среда. "Ангелски Учител", рече Папата имал голем допринос за "правилното толкување на фигурата на Св. Фрањо од Асизи. Посебно улогата во спорот со т.н. "Духовни фрањевци" кои повикувајќи се на Јоаким од Фиоре, тврдат дека "Црквата ја има исцрпено својата историска улога и на нејзино место доаѓа една харизматична заедница изградена од слободни луѓе, водени внатрешно од Духот".


"Во тоа време постоела опасност од несоодветното толкување на посланието на Свети Фрањо, на неговата смирена верност кон Евангелието и Црквата, што од своја страна води до една погрешна претстава за христијанството и за неговиот интегритет".







All the contents on this site are copyrighted ©.