2010-01-14 16:17:07

Во мај, Патријархот на Цариград Вартоломеј Први, во посета Москва


Екуменскиот Патријарх на Цариград, Вартоломеј Први, ќе се упати во втората половина на мај, во официјална посета на Русија, по покана на Московскиот Патријарх и на сите Руси Кирил. Овие денови архиепископ Хиларион одговорен за Надворешните односи на Московскиопт Патријархат ја бјави веста за печатот во Москва. Посетата е од историска важност: Патријархот Вартоломеј Први беше присутен во Москва последен пат на погребот на патријархит Алексеј, 9 декември во 2008 г.. „овој пат, нагласи Хиларион – станвуа збор за една официјална посета на РПЦ од страна на Патријархот од Цариград, прва посета после толку години.“ Г. Хиларион дообјасни дека оваа посета е овозоможена благодарение и на подобрените односи меѓу Цариград и Москва. На прашањето околу можнотопобрзо решавање на статусот на Црквата во Украина, архиепископот Хиларион одговори дека не постои некаков договор во врска со прашањето во Украина, кадешто православните се поделени на три паралелни јурисдикции. За време на истата конференција за печатот беа најавени идните посети кои ќе ги оствари московскиот Патријарх во престојниот период, посета на Александрискиот Патријарх и во мај посета на Антиохискиот Патријарх во Дамаск – Сирија.







All the contents on this site are copyrighted ©.