2010-01-14 16:15:36

Апел на Папата за Хаитите: Меѓународна солидарност за жртвите на земјотресот
 


На вчерашниот општ собир Папата апелираше да им се помогне на оние кои страдаа поради катастрофалниот земјотрес во Хаити. Ова е неговоит апел:
„Би сакал да апелирам до сите за драматичната ситуација во која се наоѓа Хаити. Мојата подршка им ја посветувам највеќе на оние кои беа, пред само неколку часови, најсилно и најтрагично зафатени од уништувачкиот земјотрес, кој причини големи штети, безбројни жртви, и неколку илјадници луѓе остави без кров над глава и уште многу големи материјални штети. Ги поканувам сите да се соединеме во молитва кон Господа за жртвите на оваа катастрофа и за оние кои ги оплакуваат своите починати во истата. Им ја гарантирам моја духовна блискост на оние кои ги загубија домовите и на сите оние кои директно се засегната си овој немил настан и бараат од Бога утеха и олеснување за нивното страдање. Се повикувам на доброделието на сите, со цел да не им недостастува на овие наши браќа и сестри конкретната наша солидарност и практичната помош од Меѓународната Заедница. Католичката Црква нема да се изоастави да се активира во најкраток момент со помош на своите добродетелни институции за да им излезе во пресрет во најважните и најинтните потреби на овој народ“.







All the contents on this site are copyrighted ©.