2009-12-10 18:18:18

Бенедикт XVI на празникот непорочно зачатие: Дева Марија - звезда водителка кон Христос


Папата Бенедикт XVI во денешниот наговор пред Ангелскиот поздрав го сврте погледот на денешниот празник Безгрешното зачнување на Богородица и истакна дека е бескрајна радост да ја имаме за мајка Безгрешната Богородица. Драги браќа и сестри, 8 Декември славиме еден од најубавите празници на Блажената Девица Марија: празникот на нејзиното безгрешно зачнување. Но што значи дека Марија е "безгрешна"? И што ни кажува овој наслов? Пред се ќе се осврниме на библиските текстови на денешната литургија, особено на големото "фреску" на третата глава на Книгата Битие и извештајот за навестувањето од Евангелието на Лука. После источниот грев, Бог се обраќа на змијата, која го претставува сатаната, ја проколнува и додава едно ветување: "И ставам непријателство меѓу тебе и жената, и меѓу родот твој и породот нејзин. Он ке ти ја гази главата, а ти ќе го каснуваш во петата"(Битие 3,15). Тоа е навестување на една одмазда: Сатаната во почетокот на створувањето како да имаше повеќе успев, но ќе дојде син на една жена кој ќе му ја гази главата. Така ќе е, по родот на жената, Бог ќе победи. Таа жена е Блажена Марија, од кој е роден Исус Христос кој со својата жртва, го порази еднаш за секогаш стариот напасник. Поради тоа Безгрешната е на многу слики или кипови е претставена како ја гази со ногата змијата кажа Светиот Отец.

Евангелистот Лука, од друга страна, ја претставуваа Девицата Марија како го прима навестувањето од небесниот гласник. Таа се претставуваа како понизна и права Израелска ќерка, правиот Сион во кој Бог сака да се всели. Таа е потомство од кое ќе никне Месијата, праведен и милосрден Крал. Во едноставноста на назаретскиот дом живее "остатокот" на чистиот Израел; од него Бог ќе извади нов народ, како ново дрво кое ќе ги рашири своите гранки во целиот свет, давајќи на сите луѓе добри плодови на спасението. За разлика од Адам и Ева, Марија е послушна на Господовата воља, од длабочината на своето битие изговара "да" и се става на потполно располагање на Божјиот план, Она е новата Ева, вистинска "мајка на сите живи", сите тие, имено, који се по верата на Христос добиваат вечен живот истакна Папата. Драги пријатели, бескрајна е радост што ја имаме за мајка Безгрешната Марија! Секој пат кога ја осеќаме нашата кршливост и кога лошиот дух не наведува на зло, можеме да се обратиме на Неа и нашето срце добива светло и утеха.

Во искушувањата на животот, и бурите кои претат да нас не поколебат во верата и надежта, да се сетиме дека сме нејзини синови и корените на нашата егзистенција е во бескрајната Божја љубов. Самата Црква, е изложена на негативни влијаниа на светот, наоѓа секогаш во неа звезда водителка која помага да го најде правиот пат и да оди во правецот кој го покажа Христос. Марија е Мајка на Црквата, како што тоа свечено го прогласи папата Павле VI. и Вториот Ватикански концил. Благодариме на Бога за овој дивен знак на неговата доброта, да се повериме на Безгрешната Девица секој од нас, нашите семејства и заедница, целата Црква и целиот свет.







All the contents on this site are copyrighted ©.