2009-12-08 14:24:38

Ангеловиот Поздрав на Папата


Почитувани браќа и сестри!

Во оваа втора недела предколедна, литургијата предлага Евангелскиот пасус во кој Свети Лука ја подготвува сцената на која Исус треба да се појави и да ја започне својата јавна мисија (сп. Лука 3:1-6). Евангелистот го свртува своето внимание на Јован Кристител, кој беше предходник на Месијата, траги со голема точност и координати на простор – време на своите проповеди. Пишува Лука: " Во петнаесетата година на Тибериј Цезар, додека Понтиј Пилат беше управител на Јудеја, Ирод четверовласник во Галилеја, и Филип, неговиот брат, четверовласник во Итурија и Траџонитцката област, Лисанија четверовласник во Авилинија, при првосвестениците Ана и Кајафа, му рече Бог на Јована,синот Захариев, во пустињата "(Лука 3:1-2). Две работи го привлекуваат нашето внимание. Првата е богатите риферименти на сите политички и религиозни органи во Палестина во 27/28 п.И. Јасно е дека Евангелистот сака да ги предупреди кој чита или слуша дека Евангелието не е легенда, ама расказ на една вистинска историја, дека Исус од Назарет е историска личност вметнат во тој прецизен контекст. Вториот елемент важно е да се забележи дека, после овој историски вовед, предметот станува “збор Господов”, претставен како сила која слегнува одозгора и се потпира на Јован Крстител.


Утре ќе има литургиско одбележје по свети Амброзиј, големиот Епископ од Милано, Вадам од него коментар на овој текст евангелски: “Синот Човечки – пишува тој – пред да ја собере Црквата, најпрво делува во неговиот скромен слуга. Затоа кажува добро Свети Лука Словото Господово слегна врз Јован, синот на Захарија во пустината, зошто Црквата не почнува од луѓето, ама од Словото”(изложено во евангелието од Лука 2,67). Еве го значењето: Словото Господово е предметот која ја крева историјата, ги инспирира пророците, го подготвува патот на Спасителот, ја повикува Црквата. Самиот Исус е Божествено Слово кое стана тело во утробата на Дева Марија: во Него Бог целосно се откри, ни кажа и даде се, отворувајќи ги тезорите на својата вистина и милост,. Продолжува Свети Амброзиј во својот коментар: “ Словото слегна на земјата, која пред тоа беше пустина, ни ги даде своите плодови за нас ”.

Црквата е градината на Бога на земјата. Но, додека Марија е Непорочна – така ке ја славиме задутре -, Црквата има потреба од непрестано очистување, зошто гревот ги држи сите негови Драги пријатели, најубавиот цвет што никнува од зборот Господов е Богородица, Таа е првиот плод на Црквата. Во Црквата секогаш е во тек борбата помеѓу пустината и градината, помеѓу гревот кој ја пресушува земјата и благодата која ја наводнува и дава богати плодови на светост. Да ја молиме Мајката на Господа се додека не ни помогне, во оваа време предколедно, да ги “слага во ред” нашите патишта, оставувајќи да не води Словото Господово.







All the contents on this site are copyrighted ©.