2009-12-01 09:03:41

Бенедикт 16-ти до Вартоломеј 1-ви по повод Празникот св. Андреј: Римскиот Епископ е во служба за единството, на вистината и на љубовта 


Римскиот Епископ е во служба за единството на христијаните, за вистината и за љубовта: тоа се зборовите кои Бенедикт 16-ти ги испрати во пораката до Вартоломеј 1-ви по повод на празникот св. Андреј, патрон на Црквата од Константинопол. На чествувањето на Фанар, седиште на Патријаршијата, исто така присуствуваше и делегација од Ватикан предводена од кардиналот Валтер Каспер, претседател на Папскиот Совет за Единство на Христијаните.

Поменот на мачениците, како Апостолот св. Андреј, ги поттикунува сите христијани да ја „сведочат нивната љубов пред светот“. Сведочење за уште поблиско соединување, во моментот во кој Христијанството се соочува со „зголемени и комплексни предизвици“. Во пораката до екуменскиот патријарх Вартоломеј 1-ви, Папата истакна дека Црквите од Рим и Константинопол „искрено се залагаа во последните децении“ за унапредување на „реконструкцијата до целосно заедништво“. Ја нагласува улогата на Епископот Римски во Единството на Црквата во првиот милениум, тема од пленарната сесија во Кипар на меѓународната заедничка Комисија за теолошкиот дијалог, што се одржа минатиот месец. Католичката Црква, пишува Папата, ја смета Петровата служба „како дар од Господа на Својта Црква“. „Оваа служба – продолжува Папата – не треба да биде толкувана во перспектива на моќта, но во рамките на црковното заедништво, како во служба на едно едиснтво во вистината и љубовта“. И со св. Игнатиј Антиохиски се потврдува дека епископот Римски претседава во љубовта. Потврдува, а потоа потврдено и од страна на Јован Павле 2-ри „Ut unum sint“ (Да бидеме сите едно) и уште еднаш земено во предвид за време на неговата посета во Цариградската Патријаршија, во 2006, т.е. следејќи го примерот на единството во 1-иот милениум, заедно да се побараат формите во кои Министерството од Римскиот Епископ би можеле да вршаат една служба на љубовта веродостојна за секого и за сите.


Иако „сеуште не сме ја постигнале нашата цел“, вели Папата во пораката, „има направено многу чекори кои ни овозможуваат да ги продлабочиме врските помеѓу нас“. Нашето пријателство кое е се поголемо, „взаемното почитување и волјата за да се сретнеме еден со друг и да се препознаеме како браќа во Христа, не би требало да бидаат спречени од оние „кои се врзани за сеќавањата на историските разлики, кои го попречуваат нивното отварање за Светиот Дух, кој ја води Црквата“ и е способен „да ги претвори сите човечки слабости во можност за добрина“. Тој, на тој начин се повика на Светиот Дух, за да ги води христијаните по ветениот, но сепак тежок пат. Во моментот во кој се продолжува кон целосно заедништво- повикува Папата – „ние мора веќе да понудиме заедничко сведочење работејќи заедно во служба на човештвото, особено во одбрана на достоинството на човековата личност, во афирмација на основните етички вредности, во промовирањето на правдата и на мирот и да се одговори на страдањата кои продолжуваат да го мачат нашиот свет, особено со глад, сиромаштија, неписменост и нееднаква распределба на ресурсите“. Во исто време, се наведува во пораката, нашите Цркви можат да работат заедно за да се нагласи одговорноста на човечтвото за заштита на Божјето Створение. Папата ја изрази благодарноста за заложбите од страна на Патријархот во овој поглед, и особено се сеќава на неодамнешниот симпозиум за Религија, Наука и Животна средина, посветена на реката Мисисипи. 







All the contents on this site are copyrighted ©.