2009-11-23 14:35:46

Папата на генералната ауденција: Катедралите во средниот век не потсеќаат дека убавината е едно фасцинантно патување во пресрет на Бога


Можеби убавината е најпривлечниот и најфасцинантниот пат за да се сретне и да се сака Бога – се обрати Папата на генералната ауденција во среда, во аулата Павле 6-ти, говорејќи за тоа како уметноста од романиката и готиката делуваат на верата на сите христијански генерации од Средниот век.

Од почетокот на 11-от до 13-от век се обновувале и граделе многу цркви, помеѓу кои позначајни биле катедралите, кои Светиот Отец ги нарекува „вистинска слава на христијанството од Средниот век“. Средновековниот свет со новите архитектонски и уметнички решенија сакаше да го пробуди христијанскиот дух инспириран од „духовниот жар на монаштвото“. По неколку катехези за средновековните теолози и нивните дела Папата зборуваше и за ремек-делата од времето на романиката и готиката.


Архитектите пронаоѓале се подобри технички решенија за зголемување на димензиите на катедралните згради, истовремено за искажување на нивната величественост. Така се создадоа црквите и катедралите во стилот на романиката, кои се карактеризираат по издолжената корабна форма за да може да собере што повеќе верници; доволно цврста, со девели зидови, камени лакови, со едноставни и значајни линии. Во четиринаесетиот и петнаесетиот век од северните делови на Франција почна да се шири друга сакрална архитектура, готичката уметност. Додека романската архитектура се препознаваше по должината, готичката – продолжи Папата – се препознава по високите столбови и шестаголните остри лакови, „вертикално издигање и осветленост“. Готичките катедрали манифестираат синтеза на верата и уметноста, хармонично изразена со универзален и волшебен јазик на убавината. Издигањето во висина сака да не повика на молитва. Готичката катедрала по своите архитектонски црти сакаше да изрази копнеж за душата према Бога – рече Светиот Отец.

Споредувајќи ги декораивните дела од двете уметнички епохи, предупреди на новоста од статуите од романиката, чија намера била да се негуваат верниците со интензивни импресии “. Посебна улога во тоа имале црковните влезни врати, кои сакралниот просторот и време го одвојуваат од секојдневието. Додека во готските катедрали разнобројните витражи го привлежуваат погледот, така што историјата на спасението ја претвараат во „спуштање на светлината“ и ги осветлува луѓето. Освен тоа готските катедрали се издвојуваат по тоа што во нивното градење учествувала целата христијанска и граѓанска заедница; скромните и моќните, неуките и учените, затоа што сите верници во таа зграда беа поучувани за верата. Готската скулптура од катедралите направи „Камена Библија“ – утврди Папата Бенедикт 16-ти.

Во оваа тема за катедралите, мислите на Папата беа вперени на претстојниот состанок, кој во сабота на 21 ноември, во Ватикан се одржи со стотици најпознати уметници од целиот свет. Би сакал да го обновам – рече Папата – предлогот за пријателство помеѓу духовноста и уметноста, кои истата желба ја имаа Павле 6-ти и Јован Павле 2-ри. Уметникот кој секогаш сведочеше средба помеѓу естетиката и верата, Марк Шагал, напишал дека „сликарите секогаш ја натопувале својата четка во обоената азбука на Библијата. Кога верата ја среќава уметноста, тогаш се остварува слабока согласност, бидејќи едната и другата можаат и сакаат да зборуват за Бога, така што Невидливото го праваат видливо – потсети Папата.
Цитирајќи го св. Августин, кој рече дека во убавината на природата и на створението е одраз на „непроменливата убавина“ на Создателот, Папата рече дека силата од романиката и сјајно готските катедрали не потсеќаат дека убавината е привилигиран и волшебен пат за приближување на Тајната Божја. Драги браќа и сестри, Господ нека ни помогне да ја откриеме убавината како еден од најатрактивните и најфасцинантните начини да го сретнеме и да го сакаме Господа.


На крајот од ауденцијата, Папата потсети дека овие денови во Обединетите нации ќе се одржи Сетскиот ден на молитвата и акција за децата, по повод на 20-годишнината од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. Обраќајќи се до сите деца на светот, посебно до оние кои трпаат поради насилства, злоупотреба, болест, војна или глад, Папата ја повика меѓународноата заедница да ги зголемаат напорите за да најдат соодветни решенија за проблемите на детството. Сите доброволно да се потрудат за признавање на правото на децата и секогаш да се почитува нивното достоинство – истакна Папата Бенедикт 16-ти.







All the contents on this site are copyrighted ©.