2009-11-23 14:38:32

Евангелското навестување да не ја потценува релативната култура која манипулира со совеста: порака од Папата до Конгрегацијата за Евангелизирање на Народите


Пастирскиот приоритет е да се покаже вистинското Христово лице, единствениот Искупител на човекот: беше пораката што Бенедикт 16-ти ја испрати по повод седницата на Конгрегацијата за Евангелизирање на Народите, која се одржа на 16 овој месец во Папскиот Универзитет Урбаниана, во Рим. Собранието расправашњ околу темата „Свети Павле и новите ареопаги“.

Како што Свети Павле, во еден контекст далеку од овој Евангелскиот, го навестуваше Христа во ареопагот, во Атина, така и Црквата денес е повикана храбро да ја проповеда Радосната Вест во денешното општество кое секојдневно се менува. Бенедикт 16-ти потсети на утешните зборови кои Исус ги упати до Апостолот на народите: „Не плаши се , немој да молчиш, туку зборувај, затоа што јас сум со тебе и никој нема да ти направи никакво зло“ (Дела 18, 9-10). Потоа цитирање и дел од учењата на Папата Павле 6-ти каде што рече дека не се зборува само за навестување на Евангелието, туку „преку силата од Евангелието за да се достигнат критериумите за суд, за одредување на вредностите, точките на интерес, линиите на мисли, изворите на инспирција и модели на животот, кои се во спротивност со Божјото Слово и со планот на спасението“

„Треба да се знае да се проценат денешните ареопаги – продолжи Папата – каде што се соочуваат големите предизвици на евангелизацијата“ со реализам одржан од страна на духот на вербата, кој ја гледа историјата во светлината на Евангелието, и со сигурноста што Свети Павле ја имаше околу присутноста на Христос воскреснатиот. „Црковната мисионарна активност е ориентирана кон овие центри на општеството од третиот милениум.“ Сепак –продожи Папата – не треба да се потцени „влијанието на една култура релативистичка доволно развиена, претежно во недостаток на вредности, која влегува во Светилиштето на семејството, навлегува во областа на образованието и во други области на општеството и ги контаминира, манипулирајќи ја совеста, посебно онаа на младите. Но во исто време, и покрај овие стапици – нагласува Папата во пораката – Црквата знае дека Светиот Дух секогаш е активен. Се отвараат нови врати на Евангелието и во светот се шири копнежот кон автентичното духовно и апостолско обновување“. И така, „како и промените во другите епохи, во пастирскиот приоритет е да се покаже вистинското лице на Христос, Господ на историјата и единствениот Искупител на човекот“. Тоа е барање - продолжува Папата - секој христијанин „да сведочи верност кон Христос, трпеливо градејќи го оваа единство“ за „полесна евангелизација“.


Папата Бенедикт 16-ти повикува да се имитира апостолскиот „дух“ на Свети Павле „целосно центриран во Христос“ и способен „исто така да ги трасформира потешкотиите за евангелизација“. Папата заврши со апел за „придобивање на внимението за духовен живот“, „вербата во Бога“, зајакнувањето на Провидноста и прошката во надеж дека „сите фамилии би можеле Бога да го викаат како Оче наш!’“







All the contents on this site are copyrighted ©.