2009-11-21 10:48:25

Погребот н Патријархот Павле. Папата: беше сведок за верата во времето на војната


На 19 ноември, во храмот на св. Сава во Белград беше погребниот обред на српскиот патријарх Павле, кој во неделава, на 15 овој месец, почина на 95-годишна возраст. На обредот, во име на Светиот Отец, присутна беше делегација од Ватикан, предводена од кардиналот Анџело Содано, декан на кардиналскиот собор. Кардиналот му ја пренесе пораката од Папата за сочувство на архиепископот Амфилохије, чувар на птријархалниот трон на Српката Праволсвана Црква. Папата Бнедикт 16-ти изрази „искрено сочувство“ гарантиајќи ги своите „заеднички молитви со сите оние кои го оплакуваат својот татко и пастир“. Потоа потсети дека „во својот долг живот во служба на евангелито, покојниот патријарх ја сведочеше верата и духовноста особено во најтешките момнти, обележени со конфликти и војни“. Папата се моли на Господа „неговиот пример да биде утеха во срцата на неговите верници и голм број луѓе со добра волја; поттикнати од неговата цврста волја да можат да истраат во практицирањето на христијанската вера и срдечно да служаат во помирувањето и во мирот“. Папата Бендикт 16-ти исто така потсети на „дарежлиото и срдечно прифаќање“ што патријархот Павле ја приреди на члновите од Мешаната меѓународна комисија за теолошкиот дијалог помеѓу Католичката и Православната црква за време на пленарната седница во септември 2006 во Белград. Имаше и многу други гестови на братство кон Католичката Црква – додаде Папата Бенедикт 16-ти – и средби одржани со неговиот благослов помеѓу католиците и православните. Папата побара болкта поради загубата на патријархот Павле да се претвори во сигурна надеж „на небесно раѓање“, и сеќавањето на него да го иполнува народот со константно духовно растење кому добродушно и ревносно му служел. Поменот на него исто така нека биде покана за сите за да се продолжи дијалогот за изнаоѓањето за потполно единство помеѓу сите Христови ученици. Посмртните останки од патријархот Павле се погребани во манастирот во Раковици. 







All the contents on this site are copyrighted ©.