2009-11-16 12:06:21

Бенедикт 16-ти и српскиот претседател Борис Тадиќ: Србија кон целосна интеграција во Европската Унија


Бенедикт 16-ти, на вчерашната аудиенција, го прими српскиот претседател Ботрис Тадиќ. На средбата дискутирале „околу главните регионални предизвици“ и околу „движењето на Србија кон целосна интеграција во Европската Унија“. Значи, се изјасни „дека Католичката Црква сака да придонесе за српското општество и да се уочат потребните елементи за да му се осигури адекватното присуство и активност“. На аудиенцијата се зема во обзир и „позитивниот дијалог со Православната Црква, исто така и во поглед на комеморацијата, во 2013 година, од Миланскиот едикт, од страна на царот Константин, роден во Ниш. На крајот претседателот Тадиќ имаше разговор и со секретарот на Ватиканската држава, кардиналот Тарчизио Бертоне, кој беше придружуван од секретарот за односи, монс. Доминк Мамберти.







All the contents on this site are copyrighted ©.