2009-11-12 10:35:59

Кардинал Јосип Бозаниќ на прославата на 150-годишнината на Кукушката унија
 


Драги браќа и сестри,


На крајот на овој свечен академски чин, срдечно ве поздравувам сите. Благодарам за поздравите за добредојде упатени од вашиот бискуп Монс. Киро Стојанов. Него, Апостолскиот Нунцие и сите присутни надбискупи и бискупи особено ги поздравувам и се радувам на црковното единство кое овоие денови го сведочиме.


Како претставник на Светата Столица на прославата на 150-тата годишница од Кукушката унија, со задоволство ги пренесувам поздравите и благословот на Светиот Отец Бенедикт 16-ти.


Академијата не прошета низ историјата на Кукушката унија од почетокот па до денес, всушност ни ги опиша тешкото, но и непоколебливо минато на македонските католици од византиско-словенски обред. Историјата зборува за вашите корени како и за вашиот верски, културен и национален идентитет. Во тоа минато вие, драги браќа и сестри во Христа, се препознавате, тоа живее во сегашноста а сите вас ве обврзува како светла инспирација за иднината. Затоа, гордејте се со своето верско и национално културно наследство!


Честитајќи ви го овој Црковен и Национален јубилеј, се радувам на утрешната средба во катедралата Успение на Пресвета Богородица, овде во Струмица







All the contents on this site are copyrighted ©.