2009-11-11 13:04:12

„Црквата да биде светлосен знак за човештвото од Третиот Милениум“: папата Бенедикт ХVІ во Бреша се потсети на зборовите од Папата Монтини околу „сиромашната и слободната“ Црква и нејзиниот однос со светот


8 ноември, беше голем празник во епархијата од Бреша, која имаше чест да ја прими неговата Светост, папата Бенедикт ХVІ по повод триесетгодишнината од смртта на Папата Павле VІ и воедно за празникот св Арканџело Тадини. Тоа беше воедно и прва пастирска посета на Папата во Бреша откако е поглаватар на католичката Црква. Уште рано наутро, илјадници верници, и покрај дождот, беа наредени по патот од каде што требаше да помине автомобилот на Папата. Во 9:30. Папата пристигна кај Ботичино, кој беше поздравен од страна на властите. Се слушнаа децата кои се радуваа на таквата посета, со зборовите „го сакаме Папата“, додека Папата влегуваше во светилиштето за да се помоли пред моштиите на Тадини, личност која „ги повикуваше сите до го љубаат Бога и да ствараат еден “братски“ свет во кој секој ќе живее не само за себе туку и за другите“. Потоа Папата отпатува за Бреша каде што ја отслужи Св. Миса споменувајќи се на Папата Павле 6-ти и неговата љубов за една цврста Црква, вкоренета во Христос и блиска на човекот, модел за дијалог со современиот свет.

„Црквата да биде светилник на надешта за човештвото“ – беше молитвата на Папата Бенедикт ХVІ, кој ја упати до Пресвета Марија во помен на Павле VІ. На Мисата која се служеше на плоштадот , кој го носи името на Брешанскиот Папа, беа присутни околу 12 илјади верници, да ја следаат светата Миса. Многу повеке верници имаше излезено по улиците од градот и на Плоштадот Лоџа, каде што Папата Бенедикт ХVІ се помоли, како и неговиот претходник, Папата Јован Павле ІІ, во помен на масакрот од 1974.

Пред почетокот на светата Миса, Папата беше поздравен од епископот Лучано Монари: Ваша Светост, направи да ја осетиме страста со која треба да живееме христијанскиот живот. Потоа беше поздравен и од градоначалникот на Бреша, Адриано Пароли, кој ја обнови верноста кон традицијата на Бреша составена од вера и социјална правда. Потоа пред споменикот на Павле VІ ги поздрави со болните и семинаристите.


„Голема радост е да се скрши лебот токму овде каде што се роди и се образува слугата Божји Јован Батиста Монтини“ рече Папата, надоврзувајќи се со мистеријата на Црквата гледајќи ја евангелската икона од епизодата каде што сиромашната вдовица го дарува својот последен денар на црковната каса. Црквата – објасни Папата – е еден духовен конкретен организам, кој ја продолжува било во време, било во простор жртвата на Божјиот Син, жртва во очите на Бог-Отецот, во Кој е кондезирана целата љубов Божја, како што е претставен во  гестот на вдовицата целата своја љубов за Господа Бога и за своите браќа.

"Црквата, која како основа ја има Евхаристијата, е продолжение на овој дар (Евхаристијата), од оваа обилност која се изразува во сиромаштијата. Тоа е Телото Христово кое целосно се дава, скршено и раздадено, според волјата на својот Господар. Мило ми е што ја продлабочувате природата на евхаристијата водени според пасторалното Писмо на вашиот Епископ".


Ова е Црквата која слугата Божја Павле VІ ја љубеше и со понизно срце се обидуваше да ја разбере, како што се обидуваше да разбере се: историјата, судбината, страданијата, напорот за постојана вера; сакаше да ја прегрне и да ја сака секоја нејзина компонента. Во неа гледаше како на сопруга и во часот на својата смрт и остави за задача да има чувство за вистинските и длабоките потреби на човештвото, и воедно „да биде сиромашна, слободна, силна и возљубена движејќи се кон Христа.

"Ваква треба да биде и црковнта заедница за да би успеала да му зборува на современото човештво. Средбата и дијалогот помеѓу Црквата и човештвото на денешництата, посебно на Павле VІ му беше при срце преку целиот свој живот. Од првите години како млад свештеник па се до неговата папска служба. Павле VІ ја посвети целата своја енергија во служба на една Црква за да покаже дека современиот човек среќавајќи ја, во исто време може да го сретне Иуса, бидејќи човекот ткму од Него има најголема потреба".


Папата објасни дека ова е големиот копнеж од Вториот Ватикнски Собор, исто така и одраз на Папата Павле VІ врз Црквата, искажана како во Енцикликта Ecclesiam Suam. Сакаше Црквата да биде основана врз спствената совест, обновена врз Христа како модел и во однос со надворешниот свет. 
Папата упати еден апел и до свештенството од Бреша:
 
 
„Како да не спознае дека Црковното прашање, потребата за спасение и односот со светот останува до ден денешен се уште апсолутно важно? Односно, дека развојот од секуларизацијата и глобализацијата ја направија уште по радикална, од една страна во споредба со заборавот на Бога, и од друга страна во споредба со нехистијанските религии? Одразот на Папата Монтини сега е поактуелен од порано; примерот од неговата љубов кон Црквта е уште повредна, нераздлна од Христовата".


Папата Бенедикт ХVІ, цитирајќи ја Ecclesiam Suam рече дека, Црковната тајна е факт кој треба да се живее; дека е искуство на душата а не едноставен предмет од теолошката наука.


Оваа година како година на свештенството, Папата посебно ги потсети присуните семинаристи и свештеници. Прво околу целибатот: „посветената девственост да биде како невина љубов шо Христос ја имае кон Црквата“. Потоа охрабрувајќи ги да веруваат, како што и самиот Џовани Монтини правеше во 60-тите години, будно да се молаат, единствен услов кога Бог делува потполно.


Папа Бенедикт ХVІ на Ангеловиот Поздрав, повторно го спомна слугата Божји, заради неговата длабоката посветеност што ја негуваше кон Пресвета Дева Марија, доверувајќи и го своето свештенство, со чија помош уште повеќе го разви поледот кон Мајката Црква. Пред крајот на благословот, Папата Бенедикт ломбардискиот народ го довери токму на Богородица, која е секогаш заговорница при својот Син.


Во попладневните часови, Папата го посети и Кончесио, место надвор од Бреша, најценето за Монтини од времето на неговото детство. Откако беше пречекан од грдоначалникот и претседателот на иститутот Павле VІ, Папата ја посети и родната куќа на Монтини, која неговиот братучед Виторио ја подари на „Дела за христијанско образование“, доверена на заедницата Керќи на Марија Помошницата.







All the contents on this site are copyrighted ©.