2009-11-05 16:27:50

Папата на генералната аудиенција: Теолошките дискусии се потребни и корисни но нивната цел е да ја доведат вистината во љубовта до триумф


Теолошките дискусии се од корист и неопходни се тогаш кога придонесуваат „за заштита на верата на Црквата и придонесува да триумфира вистината во љубовта“. На вчерашната генерална ауденција, пред 35 000 поклоненици на Плоштадот Св. Петар, Папата Бенедикт 16-ти зборуваше за конфронтацијата кој во XII век произлезе помеѓу теологијата на монасите и онаа теологија на „сколастиката“, помеѓу теологијата произлезена од срцето и онаа од разумот. Папата предупреди од прекумерен интелектуализам кој може да го осиромаши човековиот морал, како што често покажува и етичкиот релативизам од нашето време.


Предизвикот помеѓу верата и разумот кои се обидуваат „да го објаснат“ божественото, стар е околу еден милениум. Во XII век - рече Папата – двете теолошки струи, монашката и сколастичката, се спротиставија давајќи му првенство на спорот од кој една од двете теолошки струи останува и истата на долго време ги раздели игуменот Бернард Клервоски и филозофот Абелард. Ако теологијата е, и доколку е можно, за мистериите од христијанското Откровение, верувани од народот, да остане „рационално сфаќање“, – рече Папата – спорот помеѓу двајцата претставници беше токму клучот околу нивното сфаќање, односно тоа дека за Бернард Клервоски поважна требаше да биде верата, додека за Абелард интелигенцијата.


Бернард тешко да се согласи со Абелард, и воопшто со оние кои ја подложуваа верската вистина под критика на разумот; критика која на прв поглед резултираше како голема опасност, т.е. интелектуализмот, релативизмот на вистината, ставени на иста разина со верските вистини.


За Бернард – рече Папата – „истата вера е опремена со внатрешна сигурност“, базирана на Отците на Црквата, на Светците, на инспирацијата од Духот Божји во верниците. За “големиот монах“ да се изнајде начин „за дознавање на Божјата мистерија“ со чоевчкиот ум сепак ја граничеше непристрасноста. Бернард научува дека Словото Божје е тоа што ја „посетува“ душата“ и ја води кон мистичното единство со Него:


За него теологијата не може да се храни од друго ако не од контемплативната молитва, или со други зборови, од ефектното единство на срцето и разумот со Бога.“


На оваа „теологија произлезена од човечкото срце“ како што ја дефинира Папата, Абелард се спротиставува со својата „теологија произлезена од човечкиот разум“. Абелард, филозоф со голема интелигенција и вештина на дијалектиката, предаваше на универзитетот во Париз при што често влегуваше во конфликти со теолозите од неговото време и претрпуваше осудувања од страна на Црквата. Според игуменот Клервоски, некои абелардови интерпретации „ја намалуваа верата – истакна Папата – до едноставна мисла несоодветна со ’откриената’ вистина.


„Навистина, прекумерната употреба на филозофијата го направи опасно и кревко учењето на Абелард околу Пресветата Троица, исто така и неговата идеја за Бога. Од морална страна, неговото учење беше двосмислено: тој инсистираше на намерите од субјектот како единствен извор за опишување на добрината и злото од моралните дела, со што така го занемараше значењето на објектот и вредността на дејствијата: еден опасен субјективизам. Оваа – како што знаеме – е многу актуелен аспект за нашата ера, во која културата често е означена од растечки тренд кон етичкиот релативизам: во овој момент, само јас одлучувам што е добро за мене“.


Папата Бенедикт 16-ти потврди дека интерпретираните принципи предложени од филозофијата имаат вредност само како „инструментални (помошни)“ и треба да најдаат „рамнотежа“ со кои Папата ги нарече „архитектонски принципи“ на Откровението. Ако оваа рамнотежа се прекрши, одговорноста е на Црковниот Уред да ја врати бранејќи ги поедноставните верници „од теолошките бескрупулозни аргументи, кои би можеле да ја поткопат нивната вера“. Ова е едно од поголемите учења кое остана од античкиот спор:


Пред се верувам дека тоа покажува корист и потреба за една здрава теолошка дискусија во Црквата, особено кога Црковниот Уред не ги дефинирал дебитираните прашања, кој сепак останува неизбежна референтна точка. 

Папата Бенедикт 16-ти потоа ја заврши катехезата со друга поука додавајќи дека двајцата великани, иако противници еден на друг, не заборавија дека сепак крај накрај поголемата вредност е помирувањето:


„Абелард покажа понижување во признавање на своите грешки, Бернард користеше голема милост. И во двајцата преовладуваше тоа што навистина треба да биде при срце кога се раѓа еден теолошки спор, т.е. да се заштити верата на Црквата и да се доведе вистината во љубовта до триумф. Тоа и денес исто така да биде еден однос со оној кој се соочува во Црквата, имајќи секогаш за цел потрага по вистината“. 







All the contents on this site are copyrighted ©.