2009-09-30 15:24:12

Отец Ломбарди: Папската посета во Република Чешка ги постигна своите цели


13-тата меѓународна апостолска посета на Бенедикт ХVІ е успешна од секоја гледна точка. Еве што изјави директорот на Ватиканскиот пресцентар, отец Федерико Ломбарди во интервјуто за Радио Ватикан веднаш по пристигнувањето од Прага:

Мислам дека папската посета успеа да ги постигне своите различни цели, што во почетокот беа замислени: како да се окуражи и зацврсти верата на локалната Католичка црква, исто така и позитивните и стабилни врски меѓу Црквата и обштеството. Папата успеа да го покаже своето искрено пријателство со Република Чешка, исто така и со другите европски народи.

Со какви чуства Папата го направи оваа апосолско патување?
Папата навистина е многу задоволен. Се почуствува пријателски и срдечно примен од целото чешко обштество, од нејзините представници и се разбира католици верници што ја искжаа својата љубов многубројно учечствувајќи во двете големи литургии на отворено во Брно и во Моравија за празникот на Свети Вацлав.

Во едно од посланијата на Бенедикт ХVІ пишува дека е потребно да се поткрепат христијанските корени, што не се однесува само до Република Чешка, а за цела Европа...
Оваа е една од омилените теми на Папата. Тој подцрта нешто многу важно: живееме во време во кое многу работи се сменуваат во обштеството и во економијата, но не треба да бидат ставени на ризик основните ориентири на хрисијанството и неговиот придонес кон европската цивилизација. Исто така, дека европската цивилизација може да даде свој придонес во служба на човечкото досоинство, демократија и слобода на целото човештво. При оваа посета Папата употреби еден нов израз , Европа ја нарече „дом„(црква) што ни помага да разбиреме дека Европа треба да биде место на духовноста и служењето на човештвото и непреодните богатства.

Во официјалните проповеди Папта ги закчи големите теми од својот понтификат: верата и разумот, милосрдието и слободата во вистината, како и големата тема за надешта...
Темата за надешта донесе многу радост и мир на оваа посета. Сметам дека тоа е одговорот на прашањето што многумина си го поставуваат: што може да направи Црквата во едно обштество каде стадиумот на скуларизација е на доста виско ниво и во кое многу луѓе се без вера, не се сметаат за доволно религиозни и немаат однос кон Бога? Мислам дека сведочењето за надешта е најкарактерната црта на верниците и ориентир во нивниот живот. Надешта е поскоата во која да гледаат дури и да им изгледа дека не ја разбираат нејзината цел за некој миг, но која во преспектива се определува како клучна. Фактот дека Папата ја заврши својата посета зборувајќи со младите кои што се носители на надешта во иднината, докажува за неверојатната важност на оваа тема.

Какви плодови може да даде оваа Папска посета на локалната Црква чија мисија се развива во силно секуларизиран контекст, но која што покажа по време на папските литургии дека има своја цел и цена и е едно живо обштество?
Секоја Папска посета носи: утеха и утврдување во верата и христијанскиот живот. Обновена радост да се живее христијанството при сите околности. Ова е особено ценето не само за католичкото обштество и верниците христијани, но и за целото обштество што ги прима".







All the contents on this site are copyrighted ©.