2009-09-29 18:34:03

Средба во Прага на Отец Ломбарди во хотелот „Хилтон„


Папата е многу задоволен од развојот на апостолската посета во Република Чешка и му оставил силен впечаток тоа што бил доста топло и срдечно добредојден. Ова го изјави директорот на Ватиканскиот пресцентар, отец Федерико Ломбарди, на средбата во Прага во хотелот „Хилтон„ вечерта на 27 септември. Поточно, на Папата му оставиле силен впечаток „пријателските и срдечните„ односи на предцедателот Вацлав Клаус, како и молитвената атмосфера за време на Мисата во Брно, на која учествуваа повеќе од 150.000 души. Папата посебно го поздрави оркестарот, којшто прекрасно се представил со делото „Te Deum„ од Антони Дворжак за време на Мисата. Отец Ломбарди рече дека Папата е во добра здравствена состојба. Исто така изјави дека оваа апостолска посета целосно ја продолжува традицијата и духот на посетите на неговиот предходник Иван Павле ІІ во Република Чешка.


Што се однесува до одржаната средба помеѓу ватиканскиот државни секретар, кардинал Тарчизио Бертоне и чешкиот премиер Фишер, отец Ломбарди потврди за „ позитивниот резултат од средбата и почетокот на дијалогот кој што открива нови преспективи за проблемите кои сеуште ги има помеѓу Државата и Црквата„.

Католичката црква се стреми да даде свој придонес за општото благо на обштеството, рече отец Ломбарди, а дијалогот ќе напредува во оваа насока.







All the contents on this site are copyrighted ©.