2009-09-29 18:35:30

Папскиот Кардинал-викариј за римскиот бискупија ја откри Јубилејната година посветена на Свети Винкенти


„ Исполнети со Светиот Дух, пророците во нивното време, преку нивната каризма ја просветлија Франција во 15 век, која беше безчувствена кон болките на бедните„.


Со овие зборови кардинал Агостино Валини ја откри свечената литургија по повод 350 години од смртта на свети Винкентин Паулски и Света Луиза Маријак и Јубилејната Година на Свети Винкенти во римската базилика Свети Иван Латерански. „ Нивниот идеален живот, треба да ни биде како пример по патот на светоста„ - дополни кардиналот посочувајќи ја огромната љубов на Свети Винкенти кон бедните. Обраќајќи се кон сите представници на винкентинските ордени кои присуствуваа на литургијата, кардинл Валини ги изтакна новите форми на бедност што денес имат потреба да бидат чуени и изцелени. „Милосрдието – рече кардиналот – не се изразува само со социјална помош, но и во разпознавањето на ликот на разпнатиот Исус во секој ближен кој што има потреба. Треба да ги разбереме не само неговите материјални потреби, а да се ослушаме и да се претвориме во видлив знак на надеш за обезнадежите браќа и сестри. Нека Евангелието стане ваша секојдневна молитва, за да ви помага во оваа мисија„. По повод овој јубилеј, во 2010г на сите пет континента ќе се спроведуваат различни иницијативи и манифестации во памет на овие двајца светци.







All the contents on this site are copyrighted ©.