2009-09-29 18:37:36

Велика Британија: Останките на Света Тереза на Детето Исус за прв пат во англиско култово место


Реликвите на Света Тереза на Детето Исус, Покоровителка на Мисиите, ќе бидат изложени за прв пат во едно англиско култово место: историската катедрала во Јорк, во севеор-источна Англија. Светите останки на светицата, позната како покровител на цвеќињата, од 16 септември ќе бидат на едномесечно ходочастие во Обединетото Кралство, кои што ќе посетат многубројни цркви, енории, универзитетски пракалиси, затвори и блоници. Ќе пристигне преку Франција минувајќи преку тунелот Ла Манш. Првата станица им беа покрај урнатата катедрала на Протсмот, на јужниот брег на Велика Британија, каде беше посетена од стотици почитатели. На први октомври кога се празнува нејзиниот литургиски празник ќе биде во катедралата на Јорк, место кое што е симбол на англиканската Црква – се вели во изјавата разпространета од агенцијата Apic.

„Света Тереза е еден дар за сите нас и најзината посета овде е повод за христијаните од различни традиции да се молат за единството и обновувањето на нашата вера„ – рече деканот на катедралата Кејт Џејмс. Реликвите ќе останат изложени до 2 октомври, и потоа ќе го продолжат својот пат до 16 октомври. Останките на француската светица која што почина од туберколоза во 1897г. во последните дваесет години посетија повеќе од 40 држави. И им се поклонија повеќе од половината жители на Ирска.







All the contents on this site are copyrighted ©.