2009-09-03 12:43:33

Папата на заедничката аудиенција: Добрината на Божјето срце е таа којашто го преобразува светот и го прави отпорен на неговите маани


Во ерата на голема непогода, добрината на Божјето срце е таа којашто го преобразува светот и го прави отпорен на неговите маани – кажа Светиот Отец говорејќи за средновековниот француски монах, свети Одон, на денешната заедничка аудиенција во салата Павле VI., потенцирајќи како неговото учење е важно и за нашата современа сегашност. Потсетувајќи на апсурдот од Втората светска војна, Папата пред околу осум илијади верници на крајот на аудиенцијата молеше за да духот на опростувањето и мирот ги исполни човечките срца. Во внатрешноста добар, а наизглед многу строг, неговата умереност се понудила и како брана се спротивставила на општевствените маани на неговото време, таков бил опатот од Цлуаниа којшто Папата го представи како светол лик на средновековната Црква. Живеел во монашкиот среден век кога во Европа на воодошевувачки начин се проширил животот и духовноста поттикнати на правилата на свети Бенедикт. Во тие векови чудесно настанувале и се множеле клаустрите, насадувајќи се по континентот, широко го распространиле христијанскиот дух и осетливоста – истакна Бенедикт VI.

Говорејќи за неговиот живот, рече дека уште од самата младост ја цувствувал близината на Дева Марија, како Мајка на милосрдието. Растел во сенката на идниот светец, свети Мартин од Тулуз, а станал опат на Kлуни 927. година. Неговата посебност – утврди Папата – имаше силно влијание кај европските монаси, благодарение пред се на неговите добри особини: стрпливоста, презирот кон светот, вниманието према сиромасите, грижата за младите, почитувањето на старите личности. Посебно ја почитувал Телото и Крвта Христова, коешто во негово време било доста занемарувано. За жал, пишува опатот, ова пресвето таинство на Телото Господово, во коешто се наоѓа целото спасение на светот, не се слави достоинствено. Единствено кој е духовно соединет со Христос може достојно да го прима Неговото еухаристијско тело: во спротивно, хранењето со Неговото тело и напојувањето со Неговата крв не би биле за окрепување туку за осуда. Сето ова нас не повикува цврсто и уверено да веруваме во Божјата присутност (...) – истакна Светиот Отец.

Свети Одон, значи, во свое време бил реформатор, којшто против мааните раширени во општеството предлагал коренска промена во животот, утемелена на понизност, одрекување од пролазните работи и страдање со страдалниците. Бил строг, но и исклучително добар, човек со голема хуманост, добрина која произлегувала од допирот со божевствената добрина. Така строгиот и љубезниот средновековен опат, заљубен во обновата, решителен во делувањето ги поттикнувал монасите и верниците во свое време да одат со цврст чекор на патот на христијанското совршенство. Да се молиме неговата добрина и радост коишто произлегуваат од верата, и здружувањето со строгоста и одбивањето на мааните на светот, да допрат до нашите срца за да можеме да го најдеме изворот на радоста којашто избива од Божјата добрина – заклучи Светиот Отец.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.