2009-08-24 19:17:04

Папата на Ангеловиот Поздрав: дури и денес многумина се‘ вчудоневидени од христијанската вера. Треба да се земе одлука за целиот живот во сакањето на Христа



И денес христијанската вера скандализира и постојат и тие што сакаат да ја прилагодат на времето а и оние кој го напуштаат Христа. Среќата ќе ја најдеме само ако му се предадеме целосно на Христа. Е главната мисла во неделниот Ангелов Поздрав, кој папата Бенедикт го рече од Кастел Гандолфо. „Да ја молиме Девица Марија – додаде Папата – да ја оддрќува секогаш будна верата во нас во љубовта, која ја направи и неа, понизна девојка од Назарет, Мајка Божја и мајка и пример на сите верници“. Од Амедео Ломонако:

Пред мариината молитва Ангелот Господов, верниците ги поздравиа шаливите зборови на Папата во однос на скорашниот инцидент со неговата рака, кој рече: „Драги браќа и сестри, гледате дека го нема повеќе гипсот, но сеуште се мрда! Уште малку треба да останам во школата за стрпение, но одиме напред!“

Бенедикт 16-ти потоа потсети дека Исус во неделното Евангелие бара од апостолите целосна оддаденост на неговиот спасоносен проект. Но многумина откатко го следеа се враќаат назад. И во денешниот свет – заклучува Папата – не многумина остануваат скандализирани од парадоксот на христијанската вера:


„Христовот учење ни се чини „строго“, многу тешко за прифаќање и за остварување во реалноста. Постојат, затоа, оние кои го отрфрлуваат и напуштаат Христа; постојат и оние кои бараат да го „прилгодат„ зборот со модата на денешницата оттуѓувајќи го од вистинскиот смисол и вредност“. 

Бенедикт 16-ти, пофторувајќи го прашањето со кое Христос им обрати на апостолите, потоа побара:
 
„Сакате да си заминете и вие? Ова нечисто искушение одекнува во нашите срца и очекува од секого личен одговор. Исус Христос, всушност, не се задоволува од нецелосен одговор, од формално и површно посветување, не му е доволно почетното и полно со ентузиазам предавање, туку, напротив потребно е да земеме став за целиот живот и да ги следиме неговото мислење и сакање“.
  
Христовото следење не‘ обврзува за целиот живот: „ Да го следиме – објаснува Светиот Отец – ни го исполнува срцето со радост и го дава полниот смисол на нашето постоење, но сноси тешкотии и одрекувања, прибидејќи честопати се оди во спротивниот правец на текот“. На христовото прашање – „И вие ли сакате да заминете?“, Петар одговара во името на Апостолите потврдувајќи ја целосната верност на неговите „зборови на живот вечен“:
„Драги браќа и сестри, и ние можеме да го повториме петровиот одговор, јасно познавајќи ја нашата човечка кревкост, но со надеж во силата на Светиот Дух кој се манифестира и изразува во единството со Христа“.

„Верата – додава Папата – е подарок од Бога на човекот, и во исто време, слободен и целосно поверен од човека на Бога; верата е послушност на Христовото слово, кое е „светилка“ на нашите чекори и светлина на нашиот пат„ (спр. Псл 119, 105):
 
„Ако го отвориме со верба срцето кон Христа, ако му дозволиме да не‘ освои, можеме и ние, како и Св. Јован од Арс, да посведочиме дека нашата среќа на овоземниот живот се состои само ако го сакаме Бога и ако научиме дека и тој не‘ сака“. 

И за крај пред да ги поздрави, Папата ги потсети присутните верници дека штотку беше отворено 30-тото издание на „Митингот за пријателство меѓу народите“, во Римини. И на сите им посака пријатна недела.







All the contents on this site are copyrighted ©.