2009-08-10 10:34:53

Бенедикт 16-ти на Ангелусот: нацистичките логори и современиот нихилизам – последици од негирањето Господа. Мачениците сведочат дека љубовта ја победува смртта
 


Херојството на христијансккит маченици сведочат дека љубовта Божја ја победува смрта: рече папата Бенедикт на неделниот Ангелус, од Апостолски дом во Кастел Гандолфо. Папата им го поноди на присутните верници својата медитација за некои светци кои, како Едит Штајн и Св. Масимилјан Колбе, под нацистиќкиот режим сведочеа за својата вера во Христа завршувајќи со мачеништво. Значи, ѓи повика луѓето да не го забораваат Бога. Известува Алесандро Џизоти:
 
Нацистичките лагери, екстремни симболи на злото, како денешниот нихилизам, ни предочуваат какви страшни прадизивици е спремен човекот кога го заборава Бога: е она што денес Бенедикт 16-ти го нагласи во ангелусот, концентриран врз неколку светци кои Црквата ги слави деновиве во Литургијата. Папата се задржа, на посебен начин, на Св.Тереза Бенедета од Крстот, Едит Штајн, „родена во еврејската вера и освоена од Христа во возрастта“, и Св. Масимилјан колбе, „син на Полска и на Св. Франческо од Асизи“, голем апостол на Девица Марија, и двајцата убиени во логорите во Аушвиц.
 
 
“Нацистичките логори, како и сите егзекутивни места, може да се одредат како екстремни симболи на злото, на пеколот кој се отвра на земјата кога човекот го заборава Господа и со Него се поистоветува, злоупотребувајќи му го правото да одлучува што е добро а што зло, да даде живот или смрт“. 

За жал, заклучи Папата, овој “тажен феномен е е не препишан само а логорите“. Тие се, тврдеше Папата, кулминирачки врв на една вистина широка и распостранета, често без јасни граници“:

“Светците кои ги спомнав накратко не исприраат да размислиме над длабоките разлики кои постојат помеѓу атеистичкото човештво и христијанското; антитеза која ја преминува целата историја, но на крајот од вториот милениум, благодарејќи на современиот нихилизам, достигна една многу важна етапа, како што големи книжевници и мисленици претходно ја перцепираа и евентите целосно ја потврдуваат“.
 
Ја објасни разликата помеѓу двете човештва:

„Од една страна, ги имаме филозофиите и идеологиите, но уште повеќе начини на размислување и дејствување, кои ја величат сободата како суштина на човекот, а како алтернатива Бога и на тој начин го трансформираат човекот во бог, но се работи за погрешниот бог, чијшто систем на однесување се скроен според своеволието. Од друга страна пак, ги имаме токмју светците, кои, живеејќи го Евангелието на љубовта, ја остваруваат причината на наивната надеж; го осликуваат вистинското Божје лице, кој е Љубов, и, во исто време, автентичното лице на Човекот, створен според слика и сличност Божја“.  
Сите Светии, посебно маќениците, додаде Папате, се „ сведоци на Господа Бога, кој е Љубов“, од онаа љубов која љуби се до крајот и не го памти добиеното зло, туку се бори против него со доброто“:


Од нив моќе да научиме, посебно нои свештениците, за она евангелско херојство кој не баведува, без никаков страв, да го дадеме нашиот живот за спасение на душите. Љубовта ја победува смртта!“. 

И ја повика Девица Марија за да импомогне на сите верници, посебно на свештениците, да го следат примерот на Светиите кој сведочеа за нивната вера со мачеништвото.
Помеѓу светиците кои Светиот Отец ги спомна на денешниов Ангелов Поздрав, се и Св. Киара од Асизи, Св. Папа Понцијан , Св. Иполит свештеник и свети Лоренцо ѓакон. Значи, поздравувајќи ги верниците од францускиот јазик, ги замоли да се молат за свештеничките повици, а додека им се обраќаше на полските поклоници им ја изрази блискоста на оние кои овој август ќе тргнаат во Честохова на поклонение и во други Мариини светилишта.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.