2009-08-06 11:24:21

На денешната аудиенција, посветена на Св Јован Вианеј, Папата повикува: Свештениците да бидат вљубени во Христа и на тој начин да одговорат на предизвикот на денешниот релативизам
 


Свештеницте нека бидат вљубени во Христа, пораки со надеж, помирување и мир за сите: беше утринската молитва на Бенедикт 16-ти за време на денешната генерална аудиенција во Кастел Гандолфо, на која присуствуваа повеке илјадници верници, некои од нив беа дојдени и од Кина. Аудиенција посветена на св. Јован Вианеј, а во средата Црквата го спомна по литургискиот календар. Во катехезата Папата нагласи дека рационализмот и релативизмот се два неадекватни одговори на човечкото прашање да го корисит целосно разумот во потрага по вистината на постоењето. И на крај, ги поздрави учесниците на меѓународниот митинг на Младите кон Асизи. Од Серџо Чентофанти.


Во катехезата Папата го претстави на кратко животот на св. Јован од Арс чиј 150-ти јубилеј од неговата смрт, или подобро од неговото „раѓање на небото“ - како што рече Папата- кој ја замисли големата слава којашто сигурно била во Рајот „за влегувањето на еден толку голем пастир“! Токму по повод на таквиот јубилеј беше именувана и годината на Свештенството на тема „Верност на Христа, верност на свештеникот“. Бенедикт 16-ти го спомна и сиромашното земјоделско потекло на овој светец кој како млад работеше по нивите и ги пасеше животните, барајќи секогаш да се поситовети со Божјата волја дури и во наједноставните задачи. На 17 годишна возраст бил сеуште неписмен. Неговата желба беше да стане свештени, но науката беше најголемата препрека и имаше многу потешкотии околу тоа, „не малку неуспеси и многу солзи“:

"Стигна до свештеничкото Ракополагање по серии на несфаќања и противење, благодарејќи на помошта на мудрите свештеници, кои не ги земаа во предвид исклучително неговите човелки ограничувања, но гледаа преку таквите пречки, интуирајќи го хоризонтот на светоста која се пресликуваше во навистина реткиот младич“. 

Во душебрижното негово дејство, толку едноставно и извонредно плодно - го величеше Папата – овој анонимен парох во едно скриено село на југот од Франција успеа да се поистовети со неговото служење“ да биде едно со Христос Добриот Пастир, давајќи го живото за неговите овци:


„Неговото постоење беше жива катехеза, која ги освојуваше луѓето кои го гледаа додека ја служеше светата Литургија, додека стоеше пред кивотот во адорација или доека поминуваше долго време во исповедилниците... Го препознаваше природното исполнување на свештеничкото апостолство во практиката на сакраментот“. 

Папата посочи на природните методи кои ги користеше Св. Јован од Арс во неговото душебрижништво. А на прашањето како, во денешниот свет, толку различен и покомплициран од оној во кој живеел светецот, свештеникот да успее да го имитира Христа Добриот Пастир. На тоа папата Бенедикт одговори со примерот на Св. Јован Вианеј, неговата љубов и целосна посветеност кон евхаристиската Тајна навестувана, славена и практицирана во животот:

„Свештениците имитирајќи го Хрсита ден по ден нека ја негуваат длабоката поврзаност и едиснтвото со Христа и на тој начин да им дадат пример и на другите за ова интимно пријателство со Христа. Само ако е вљубен во Христа свештеникот моќе да допре до срцата на луѓетои да ги отвори на милосната љубов Господова“. 

За крај, Папата потсети, во поздарвите, за литугиското сеќавање на Посветувањето на римската Базилика Санта Мари Маџиоре која не повикува да го свртиме погледот кон Христовата Мајка:


„Секогаш гледајте во Неа, драги млади, имитирајќи ја во нејзниното следење на Божјата волја, обраќајте и се со верба, драги болни, за да ја осетите во тешките мигови ефикасноста на нејзината заштита; Драги младенци, неа препуштете им ја вашата фамилија, за да биде секогаш поддржана од нејзината мајќинска заштита“.







All the contents on this site are copyrighted ©.