2009-07-18 10:22:14

Папата Бенедикт Шеснаесети денеска е примен во болница во италијанскиот град Аоста


Папата Бенедикт Шеснаесети денеска е примен во болница во италијанскиот град Аоста, откако полесно се повредил при пад во бањата.


Портпаролот на Ватикан, Фредерико Ломбарди изјави дека „не е ништо сериозно“ и дека Папата заминал на преглед во болница откако утрово се лизнал во бањата.


Инцидентот се случил додека Светиот Отец бил на одмор во Северна Италија. Папата се здобил со полесна фрактура на зглобот. Засега не е предвиден хируршки зафат врз Светиот Отец.







All the contents on this site are copyrighted ©.