2009-04-28 18:25:40

Папата Бенедикт ХVІ во неделата прогласи пет нови светци


Во неделата на 26 април, третата недела по Воскресението Христово, папата Бенедикт 16-ти во 10 часот во Базиликата св. Петар во Ватикан предводеше свечена литургијска служба на која прогласи пет светци. За светци прогласени се: Арканџело Тадини (1846 – 1912), свештеник, основател на Конгрегацијата на сестрите работнички на Светата назаретска куќа, Бернардо Толомеј (1272 – 1348), игумен, основател на Конгрегацијата света Марија од Маслинската гора од св. Бенедиктинскиот ред, Нуно де Санта Мариа Алварес Переира (1360 – 1431), кармелитанец, Гелтруд Коменсоли (1847 – 1903), девица, основателка на Институтот „Сестри на Светите Тајни“ и Катерина Волпичели (1839 – 1894), девица, основателка на Заедницата служителки на Пресветото Срце.







All the contents on this site are copyrighted ©.