2009-04-23 10:50:54

Катехеза на Папата на заедничката аудиенција: Бенедиктинецот Амброзиј Аутперт, црковен писател од раниот среден век


Светиот Отец во својата катехеза за време на денешната заедничка аудиенција на плоштадот свети Петар говореше за Амброзиј Аутперт, црковен писател од раниот среден век. На денешната заедничка аудиенција Папата продолжи да им ги представува на верниците значајните црквени писатели од раниот Среден век. Денес говореше за Амброзиј Аутперт и при тоа предупреди на незаситеноста и инструментализацијата на Црквата. Амброзиј Аутперт може, по зборовите на Папата, да им помогне на христијаните да го живеат тајнството на Црквата и денеска без нејзино искористување, до што, за жал, и ден денес доаѓа.


Црквата живее во личностите и тие што сакаат да ја сватат Црквата мораат да ги следат тие личности, коишто живееле и ја живеат нејзината порака, нејзиното тајнство, објасни Папата говорејќи за тој редовник по потекло од Франција. Живеел и делувал како опат во јужна Италија во Беневенто. За Амброзиј Аутперт не знаеме многу. Веројатно бил учител на Карло Велики. Папата на верниците и објасни и зошто веќе подолго време се бави со тие луѓе, кои настојувале на своите современици да им покажат што претставува всушност Црквата.


Бенедиктинецот Аутперт напишал трактат за пороците и крепостите, со којшто сакал да ги поучи редовниците како на конкретен начин да се соочат со тешкотиите на коишто наидуваат во духовниот живот. Светиот Отец посебно се осврна на проблемот на неумереноста, којашто, по Амброзиј, претставува корен на сите зла. Во современата економска криза, која го зафати светот ова Амброзиево учење за неумереноста станува многу актуелно, бидејќи корените на оваа криза – по уверение на Папата – треба да се бараат во неумереноста. Амброзиј Аутперт на неумереноста и се спротивставил со презир кон светските патокази по кои поседувањето на нешто представува најголема добивка. Со тоа Папата ја истакна важноста на борбата против неумереноста за денешниот човек, додавајќи дека многумина сакаат да се истакнуваат и покажуваат следејќи ги кривите поимања за слобода по кои многумина се однесуваат по личното убедување – истакна Светиот Отец.







All the contents on this site are copyrighted ©.