2009-04-20 18:25:32

Од целиот свет пристигнуваат честитки за 82. роденден на Светиот Отец


Од целиот свет пристигнуваат честитки до Светиот Отец за неговиот 82. роденден: црковни угледници, политички и цивилни власти, представници на другите религии но и од едноставните граѓани му честитаа на Светиот Отец. Посебен поздрав стигна од Мисионерската љубов од индијската држава Ориса, којшто го храбри Папата да го продолжи со дигањето на својот пророчки глас меѓу бројните страдања и неправди во светот. Денеска е четврта годишнина од папиниот избор за Петров наследник. Осврнувајќи се на славеничкото озрачје во католичката заедница во разговор за нашето радио надбискупот Рино Физикела, председател на Папската академија за живот, рече дека сите Папски годишнини се слават со зборовите на Светиот Отец, со радосно срце. Радоста за која зборува Светиот Отец е библиска радост, свесност дека живееме нов момент од својот живот. Тоа е момент на промени, момент на потврда за исполнетите ветувања. Исус воскресна, повикани сме, како што не учи Светиот Отец, да секој ден од својот живот повторно го навестуваме Христос – рече надбискупот.

На прашањето што е приоритет на Папиниот понтификат, рече дека приоритетот се покажал минатата седмица: на Велики четврток, петок, сабота и Велигден, кога Светиот Отец ја покажа најдобрата страна од своето размислување за светите текстови и за значењето на воскресното тродневје. Сите ние во тие денови внимателно ги слушавме омелиите на Светиот Отец: на Велики четврток на свештениците, на Велики петок за Маката Христова, а на Велика сабота за радоста од воскресението и за значењето на светлото. Верувам дека важна задача која што ни ја дава Светиот Отец како лично сведоштво претставува појаснувањето на големата вредност и посебно актуелноста на Словото Божјо. Бог и денеска зборува, непрекинато ни зборува и ни овозможува да продреме во длабочината на објавеното таинство – потврди надбискупот Физикела.


На забелешката дека современиот свет изгледа тешко го прифаќа Папиниот културен предизвик, рече дека тоа се повторува веќе две илјади години. Кога Исус проповедаше во Галилеја, неговата порака беше културен предизвик. Така беше и со свети Павле кога во аеропагот на грчките стоици и го навестуваше Христовото воскресение. Исто се случуваше и со свети Јустин којшто дојде во Рим и отвори училиште, така беше и со Вториот Ватикански Собор, а денес и со Бенедикт XVI. Којшто со културна и умствена луцидност настојува да ги представи големите историјски предизвици – кажа надбискупот.
  







All the contents on this site are copyrighted ©.