2009-04-17 12:58:42

Катехеза на Папата на заедничката аудиенција – 15 април 2009


Папата Бенедикт XVI на денешната заедничка аудиенција, на плоштадот свети Петар, пред повеќе од триесет илијади поклоненици говореше за значењето и вредноста на Велигден за сите христијани. Драги браќа и сестри, редовната заедничка аудиенција денеска е проследена со воскресната радост, којашто ниедно трпение и бол можат да ја омаловажат, бидејќи тоа е радост која извира од сигурноста дека Крстот, со својата смрт и воскресение, еднаш засекогаш триумфираше над злото и смртта: “Христос воскресна! Алилуја!“, пее Црквата во радост. Тоа славеничко озрачје, тие типични велигденски чувства, преовладуваат не само во оваа недела туку траат полни педесет дена, се до Педесетница. Воскресното таинство го опфаќа текот на целиот живот. Ова литургијско време ни нуди многу библиски текстови и поттикнувања за размислување коишто помагаат подлабоко да проникне значењето и вредноста на Велигден. “Виа кручис“, крстниот пат, којшто во Светото тродневие повторно го поминавме со Исуса се до Калварија, повторно го преживеавме неговото болно страдање, на Велигденското бдеење стана утешено “виа кручис“, пат на светлоста и духовниот препород, пат на внатрешниот мир и непоколебливата надеж. По плачот, по изгубеноста од Велики петок, по кој следеше тишината на Великата сабота исполнета со исчекување, во исчекување на првиот ден по саботата повторно силно одекна навестувањето на Животот којшто ја победи смртта: “Водачот на живите падна тогаш – и жив животен повторно владее!“ Потресната вест за воскресението е толку важна па Црквата не престанува да го прогласува и чува нејзиниот спомен посебно секоја недела: Секоја недела е Ден Господов и неделно Воскресение на Божјиот народ. Нашите источни браќа за да го осликаат појасно тајнството на спасението, на руски јазик тој ден го нарекуваат “ден на воскресение“ – кажа Светиот Отец.

Драги браќа и сестри, да дозволиме да не просветли светлото на Господа воскреснатиот. Да го прифатиме со вера и великодушно примиме заедно со евангелието, како што го направиа тоа овластените сведоци на неговото воскресение; како што направи, многу години по нив, свети Павле кој имаше чудесна средба со божјиот Учител на патот кон Дамаск. Не смееме да го задржиме само за себе навестувањето на таа Вистина којашто го менува животот. И со понизно поверение молиме: “Исусе, кој си со воскресението од мртвите го започна нашето воскресение, веруваме во Тебе!“. Ќе завршам со воскликот којшто сакаше да го повторува Силвиан од Гората Атос: “Радувај се душо моја. Велигден е секогаш, бидејќи Христос е наше воскресение!“. Нека Дева Марија ни помогне во негувањето на оваа воскресна радост, за да бидеме сведоци на божјата љубов во секоја ситуација од нашиот живот. На сите, уште еднаш, среќен Велигден – со овие зборови ја заврши денешната катехеза Светиот Отец.







All the contents on this site are copyrighted ©.