2009-04-13 11:59:05

Велигденсиот поздрав на Папата “Урби ет Орби“ – на Градот и светот


Христос бара мажеви и жени кои ќе му помогнат со неговото оружје, а тоа се правдата, вистината, милосрдието, опростувањето и љубовта, за да се уцврсти неговата победа над смртта и над злото во светот – порача Светиот Отец во својата велигденска порака пред свечениот благослов Урби ет Орби, а којашто директно ја пренесуваа 150 телевизии. Папата е загрижен за иднината на човештвото, бидејќи – вели – иако смртта нема повеќе моќ врз човекот и светот и понатаму постојат премногу знакови на таа стара надмоќ. Иако Христос со своето воскресение ги истреби корените на злото, потребни се луѓе коишто во секое време ќе му помогнат во уцврстувањето на таа победа. Додека ни е блиско Исусовото раѓање, пораката на воскресението сеуште ни останува донекаде несватена, работа на минатото, а воскресението сеуште не влегува во нашите искуства – примети Папата во текот на велигденското бдеење. За Папата како теолог Исусовото воскресение е пламен на светлото, светло на светот. Самиот Бог создава ново створение меѓу оние старите и го менува хаусот во космос. Во време на општ недостаток на храна, финансијски нереди, стари и нови форми на сиромаштво, загрижувачки климатски промени, насилство и беда којашто на многумина ги присилува да го напуштат својот роден крај, барајќи посигурни начини на живот; во време на опасниот тероризам и страх, пред неизвесното утре, Папата смета дека е потребно да се пронајде можност која ќе им даде надеж на луѓето. Поради тоа, никој во таа борба, којашто започна со Христовото воскресение, не би смеел да се повлече во себе.


Папата го потврди тоа и за време на своето патување во афричките земји Камерун и Ангола. Африка премногу трпи поради страшните и бескрајните судири коишто ги мачат и окрвуват разните народи, како и поради се поголемиот број на нејзини синови и ќерќи кои стануваат плен на гладот, сиромаштијата и болестите. Светиот Отец најави дека и за време на следната посета на Светата Земја ќе истрае во напорите за помирување на тамошното население, бидејќи помирувањето е неопходно и претставува предуслов за заедничка сигурност и мирен соживот. Тоа не се постигнува – по неговите зборови – без постојани и искрени напори околу решавањето на израелско-палестинскиот судир. Oд тоа зависи иднината на целиот Блиски Исток. Црквата навестува надеж и сака да ја подели со сите, но посебно со христијаните, кои се прогонувани поради својата вера и завземањето за правда и мир, па поттикнати од надежта којашто ќе ги охрабри, најмногу кога е најпотребно – рече Папата. На крајот Светиот Отец го честиташе Велигден на шеесет јазици, меѓу кои и на македонски. 







All the contents on this site are copyrighted ©.