2009-04-06 19:07:36

Сочувство на Папата по повод земјотресот во Италија


Папата Бенедикт XVI. Упати израз на сочувство по повод земјотресот којшто рано утрово го погоди италијанскиот град Аквила во покраината Абруцо во средна Италија. Во изразот на сочувство кон надбискупот на Аквила монс. Џузепе Молинари се вели: „Драматичната вест за силниот земјотрес којшто ја погоди оваа надбискупија ја исполни со очај душата на Врховниот свештеник кој ја задолжува вашата Превозвишеност да го пренесе изразот на сочувство за болката на драгото население погодено од трагичниот настан. Гарантирајќи силни молитви за жртвите, посебно за децата, Неговата Светост моли од Господа утеха за нејзините фамилии и додека упатува топла порака на охрабрување кон преживеаните и оние што на различни начини пружат помош на постраданите упатува и посебен апостолски благослов“, се вели во папското сочувство. Во земјотресот којшто ја погоди Италија загинаа повеќе од 90 луѓе.







All the contents on this site are copyrighted ©.