2009-04-02 11:19:39

На заедничката аудиенција Бенедикт XVI се осврна на својот пастурален поход на Камерун и Ангола


Папата Бенедикт XVI. на денешната заедничка аудиенција се осврна на својот пастурален поход на Камерун и Ангола. Драги браќа и сестри, како што најавив минатата недела во текот на Ангеловиот Поздрав, денеска ќе зборувам за неодамнешното патување во Африка, прво во мојот понтификат на тој континент. Ги посетив само Камерун и Ангола, но со духот сакав да ги прегрнам сите афрички народи и да ги благословам во името Господово. Го доживеав традиционалното афричко гостопримство, коешто насекаде ми беше укажувано и радо ја користам оваа прилика уште еднаш да ја изразам својата жива благодарност кон епископатите на двете земји, кон државните функционери и кон сите тие коишто на било кој начин се потрудиа да овој мој пасторален поход успее.

Мојот престој на афричко тло започна на 17. март во Јаоундеу, главниот град на Камерун, и така се најдов во самото срце на Африка, и тоа не само географски. Таа земја во себе содржи многу значајности на тој голем континент, пред се неговата длабока религијска душа, којашто е заедничка за многуте етнички групи кои го населуваат. Повеќе од една четвртина од населението на Камерун се католици коишто таму живеат мирно заедно со припадниците на другите заедници. Поради тоа мојот сакан предходник во 1995. го избра баш главниот град на оваа нација за да го прогласи апостолското будење на Црквата во Африка, по првата синодска средба посветена баш на тој континент. Овој пат, Папата се врати таму за да го предаде Инструментум Лаборис на Втората синодска средба за Африка, којашто е на програмата во Рим следниот октомври – кажа Светиот Отец.


Предавањето на Инструментум Лаборис на Второто синодско собрание за Африка на 19. март на стадионот во Јаоундеу, на крајот од свеченото еухаристиско славје во чест на свети Јосиф, сигурно е еден од најистакнатите настани на ова патување, коешто се случи во заедништво со Божјиот народ, “со радосно извикување и пеење во свечена поворка“, како што вели Псалмот 42,5. Синодското собрание ќе се одржи во Рим, но тоа ен на сликовит начин, започнато во срцето на Африка, во срцето на христијанската фамилија којашто таму живее, се мачи и се надева. Затоа ми изгледаше како среќна коинциденција појавувањето на “Работничкиот инструмент“ со празникот на свети Јосиф, пример на вера и надеж слични како тие на првиот патријарх Авраам. Верата во “блискиот Бог“, којшто во Исуса ни го покажа своето лице на љубовта, е гаранција за вистинска надеж, за Африка и за целиот свет, гаранција за иднина на помирување, праведност и мир – продолжи понатаму Папата.


По свечената литургијска прослава и свеченото представување на работничкиот документ, во Апостолската нунцијатура во Јаоундеу имав прилика да се задржам во разговор со членовите на Посебното собрание на Африка и да доживеам со нив моменти на силно заедништво, размислувајќи за афричката историја во теолошка и пасторална перспектива. Христијанството уште од самите почетоци има пуштено длабоки корени на афричкото тло, какошто потврдуваат бројните маченици и светци, пастири, учители и катехисти коишто изникнаа најпрво на северот а потоа, во доцните векови, и на остатокот од континентот: се сетив на Киприан, Августин, мајката Моника, Атанасиј, а потоа и на угандските маченици, Јосефине Бакхите и на многте други.


Денеска, кога Африка се труди да ја зацврсти политичката независност и да го изгради националниот идентитет во сега веќе глобализираниот свет, Црквата ги прати Африканците повикувајќи ја во својата свест пораката на Вториот ватикански концил, применувана во текот на првото, и сега, на второто посебно синодско собрание. Помеѓу, за жал, бројните и драматични судири кои сеуште ги мачат различните краеви на овој контитент, Црквата знае дека мора да биде знак и оружје на единството и помирувањето, како би можела цела Африка заедно да ја гради иднината на правдата, солидарноста и мирот, ставајќи ја во дело науката на евангелието – истакна Бенедикт XVI.


Другото одредиште – и вториот дел од моето патување – беше Ангола, земја која по многу нешта претставува своеврстен симбол: излегувајќи од драматичниот и долготраен судир, сега работи на помирувањето и изградувањето на земјата. Но дали тоа помирување и изградба би биле аутентични кога би биле на штета на сиромашните, коишто имаат право како и сите останати да уживаат во богатствата на сопствената земја? Еве зошто со таа своја посета, чија прва цел, секако, беше потврдувањето на Црквата во верата, сакав да го охрабрам, истотака и општевствениот процес којшто е во тек. Во Ангола навистина со рака може да се почувствува тоа што многупати моите чесни предходници го повторуваа: со војната се губи се, со мирот се се препородува. Но за да се обнови и препороди народот потребни се големи духовни сили. И овде, повторно, е важна улогата на Црквата, која е повикана да врши образовна улога, работејќи на обновата и одгледувањето на совеста – подвлече Светиот Отец.


Заштитник на градот Луанде, главниот град на Ангола, е свети Павле: затоа во сабота на 21. март, во црквата посветена на Апостолот, Папата одлучи еухаристијата да ја слави со свештениците, семинаристите, редовниците, катехистите и со другите пасторални работници. Уште еднаш личното искуство на свети павле проговори за средбата со Воскреснатиот Христос, кој е способен да ги преобрази личностите и општеството. Се менуваат историските околности – и за тоа секако треба да се води сметка – но Христос останува вистинската сила за длабоката обнова на човекот и човечката заедница. Затоа враќањето кај Бога, обраќањето во Христос значат одење напред, кон исполнетоста на животот. За да ја изразам подршката којашто црквата ја дава за напорите коишто се прават во Ангола и во многуте афрички краеви во обновата на земјата, во Луанде посветив две посебни средби со младите и жените. Средбата на стадионот беше славје на радост и надеж, над коишто завладеа тага поради смртта на двете девојки, кои беа згазени на влезот. Африка е многу млад континент, но многу нејзини синови, деца и млади веќе носат тешки рани, коишто само Исус Христос, Распнатиот и Воскреснатиот, може да ги оздрави вметнувајќи во нив, со својот Дух, сила за да можат луѓето да се завземаат за правда и мир – потврди Папата.


На жените, потоа, и заблагодарив за службата којашто многу од нив ја пружат на верата, човечкото достоинство, животот и семејството. Го повторив нивното потполно право за да се завземаат во јавниот живот; сепак не треба да се умртви нивната улога во семејството, што е темелно послание коешто тие треба да го вршат секогаш во одговорно заедништво со своите мажеви и татковци. Тоа е, значи, пораката којашто ја оставив на новоте поколенија и на светот на жените, испраќајќи ја потоа кон сите на евхаристијското славје во неделата на 22. март, коешто го концелебрирав со бискупите од земјите од Јужна Африка. Ако Афричките народи – им реков – исто како и древниот Израел, ја темелат својата надеж врз Божјето Слово, богати со своите верски и културни наследства, тогаш можат стварно да ја изградат иднината на помирување за сите. 







All the contents on this site are copyrighted ©.