2009-03-19 16:09:24

Папата во јуни најави почеток на Годината на Свештеникот: свештеникот нека биде „препознатлив“ Христов сведок


Почнувајќи од 19 јуни оваа година, па се до истиот ден во 2010 година, „Година на Свештеникот“ која ќе има за цел да истакне дека секој свештеник треба да тежнее кон „духовното усовршување“, правејќи ја неговата служба поефиксна. Светиот Отец тоа го најави на 16 овој месец за време на ауденцијата до учесниците на Конгрегацијата за Свештеништво. Важно е, Папата потврди помеѓу другото, дека свештенкот треба да биде добро иструиран околу соборните научувања и секогаш да биде препознатлив по својот морал и неговиот изглед.

Да посветува, да поучува, да води. Од моментот кога епископот ги положува рацете врз главата, животот на еден свештеник треба да биде сведок на овие три вредности. Вредности кои „пред да бидат една должност“ тие најпрвин се „дар“, благодарение на кои свештеникот учествува во еден „нов живот“, стекнувајќи го оној „стил“ кој беше практициран од Исуса, т.е. од Апостолите. Тоа е тоа „учествување“ во животот Христов, кој што исто така станува една власт, и со која стремежот кон моралното совршентсво го чини не‘ само „потребно“ туку и „неопходно“, истакна Светиот Отец:

"Токму по овој повод за тежнеењето на свештениците кон духовното усовршување, од кое посебно заивиси ефикасноста на нивната служба, решив да објавам посебна Година за Свештеникот, која ќе трае од 19 јуни оваа година, па се до 19 јуни 2010 година. Всушност оваа година се навршува и 150 годишнината од смртта на Светецот од Арс, Јован Мариа Вианеј, вистински пример на „Пастир“ во служба на стадото Христово". 

Светиот отец беше потсетил дека иако две илјади години „црковна традиција“ ја „ослободија ефикасноста на таинството“ на еден свештеник, т.е. „неговата егзистенцијална ситуација“, важноста за „постојаното образување“ на свештениците останува важен и чувствителен приоритет, посебно околу раководењето во заедништво со непрекинатата црковна традиција, без цезури и без искушенија од дисконтинуитетот“. Папата Бенедикт ХVІ побара од епископите да ги негуваат „човечките релации“ со нивните први соработници, посебно во доктринската смисла:

"Од голема важност е свештениците, посебно младите генерации, да бидаат иструирани околу текстовите на Вториот Ватикански Собор, интерпретирани во светлина на севкупната Црковна доктрина. Итно се појавува и потребата од обновувањето на совеста која ги поттикнува свештениците да бидаат присутни, идентифицирани и препознатливи, како по нивните погледи на верата, нивните лични доблести, така и по облеката, во подрачјето на културата и милоста, како средиште на Црковната мисија“. 

Вниманието од страна на Светиот Отец е насочено кон сознанието на „радикалните социјални промени во последните децении“, за кои се бара употреба од „најдобрите црковни сили“ за негување на свештеничките кандидати. Свештеништвото, инистираше Папата, треба да биде правилно ценето, затоа што неговата мисија „во Црквата“ се обликува според Христовиот пример.

„Во таа смисла потребно е да се внимава се додека новите структури или душебрижните организации да не бидат замислувани како нешто во кои би се вршела некоја помала служба, земајќи ја во предвид погрешната интерпретација на световноста, затоа што во тој случај би биле изнесени претпоставките за понатамошно разредување на свештенството и би се сакало евентуалните ‘решенија’ драматично да се совпаднат со реалните причини на современите проблеми поврзани со свештеничката служба“. 

Бенедикт ХVІ исто така ги спомна и четирите точки на свештеничката „мисија“. Потврди дека таа е „црковна“ затоа што „никој не се навестува самиот себе“ туку Бога. Се базира на „Светата Причест“ претставувајќи „единство во заедницата“. И на крај „хиерархиска“ и „доктринска“, ја означуваат „важноста на црковната дисциплина“ а не само теолошкото туку „почетното и постојаното доктринско образување“.







All the contents on this site are copyrighted ©.