2009-03-10 10:41:10

Папата на Агеловиот Поздрав најави дека од 8-ми до 15-ти мај ке оди во посета на Светата Земја


На Ангеловиот Поздрв Папата Бенедикт XVI спомна за Денот на жената и ја посочи Мајка Тереза како пример како и други жени што „во тајност“ работат за доброто на човештвото. Папата исто така побара да се молиме за неговото патување во Африка од 17-ти до 23-ти март, и во Светата Земја, каде што ќе биде од 8-ми до 15-ти мај.

*********
Бенедикт XVI најави дека во мај ќе оди во посета на Исусовата земја:

„Од 8-ми до 15-ти мај ќе одам во посета на Светата Земја за да го прасм Господа: посетувајќи ѓи посветените места од Него, за скапоцениот дар на единство и за мирот во Мала Азија и за целото човештво. Од денес се надевам за духовна поддршка од сите вас, за да Бог ме придружи и исполни со неговата благодет од сите што ќе ги сретнам на мојот пат“. 

Прифаќајки ја поканата од Јорданскиот цар, преседателот на Израел, преседателот на Палестинската националност и од Католичката Заедница – беше кажано во извештајот од Светата Столица – Бенедикт XVI „ќе оди во Аман, Јерусалим, Витлеем и Назарет“. Пред да го најави патувањето во Светата Земја, Папата го најави и второто свое апостолско патување што ќе го направи во иднината:

„Следната недела, од 17-ти до 23-ти март, ќе одам во Африка, прво во Камерун, потоа Ангола, да им ја искажам мојата блискост на Црквата, Христијаните и на сите народи од тој континент, што мене ми е посебно мил“.


Исто така на Ангеловиот Поздрав се задржа на вчерашното Евангелие, „Исусовото преобразување на гората Табор“, што се чита за време на втората недела од големиот Пост. Кога Исус – кажа Папата- ги поведе сосебе во гората Патар, Јаков и Јован, и „се преобрази: неговото лице и алишта изгледа светли и сјајни. Исусовото Преобразување беше во суштина едно молитвено искуство, кажа Папата:

„Молитвата го постигнува својот врв, бидејќи е извор од внатрешната светлина, кога човечкиот дух се приближи до Божјот и нивната волја се претворува во една. Кога Исус се искачи на гората, молеше и контемплативно мислеше на Божјата „Љубов“, кој што ја испрати за спасение на луѓето“.


Исто така Папата напомна за молитвата, и да биде слушано Словото Божје во посретство на Христовите тајни:
 
„Заедно со постот и милостивите дела, молитвата го формира вашиот духовен живот. Драги браќа и сестри, ве повикувам да најдете време во големиот Пост за подолги моменти на тишина, по можност една духовна обнова, за повторно да го разгледате вашите живот во светлина на Божјот милосрдије. Препуштете се да бидете водени од Блажена Дева Марија, учителка и модел на молитвата“.


Не заборави исто така папата да каже за Денот на жената:
 
„Денешниот ден – 8-ми март – не повикува да размислиме за состојбата на жената, за да може секогаш и секаде секоја жена да живее и да ја манифестира својата способност, давајќи им почит и достојинство“


Во ова смисла се изјаснија Вториот Ватикански собор и папското Магистериј, посебно апостолснкто Писмо „Достојност на жената“ (Mulieris dignitatem) од слугата Божји Јован Павле II, потсети Папата. Од голема важност се и сведоштвата на светите:

„....нашата епоха ја имаше Мајка Тереза од Калкута: понизна ќерка родена во Македонија, стана, со благодета Божја, пример за целиот свет во извршување на милосрдие и во служба на човештвото. Колку други жени работат исто така секој ден, во тајност, за доброто на човештвото и за Божјето Царство! Денес ја поверувам мојата молитва за сите жени, за да бидат секогаш повеќе почитувани за нивното достоинство и вреднувани за нивните позитивни можности“







All the contents on this site are copyrighted ©.