2009-03-06 12:41:26

Порака за Светскиот Ден на младите. Папата покани да им биде дадена на малдите вистинската надеж Христова


Во овие тешки времиња, треба да им се даде на младите и на целото човештво доверба, покажувајќи дека вистинската надеж е Христос, тоа го нагласи Папата Бенедикт XVI во пораката за Светкиот Ден на младите, кој оваа година ќе се слави на епископско ниво на 5-ти Април, Цветници. Тема на пораката е: „ Да се надеваме во живиот Бог“ (1Тм 4.10).

Мудроста, кажа Папата, не е само еден идеал или чувство, туку жива личност: „Исус Христос Син Божји“. Човекот само во него го наоѓа своето вистинско остварување. Потоа Папата го нагласи фактот дека кризата на надежта која денеска го напаѓа целото човештво е една од главните последици да се заборави Бог кој е знак на нашето општество  „и оваа криза повеќе влијае на новите генерации, во друштвено-клутурен контекст без сигурност, вредности и без солидни бази, мораат да се соочуваат со тешкотиите кој изгледаат поголеми од нивнита сила“. Тоа се младите ранети од животот, условени од од нивната незрелост, која често е последица на фамилијарната празнина, од пермисивно и либерално воспитување, и негативното потресно искуство. Тоа се младите кои се имаат одлучено за бегство кон опасноста и насилното понашање, кон зависноста од дрога или алкохол. Пак нагласи Папата дека станува збор за младите кои се наоѓат во тешка ситуација, бидејќи имат следено совети од лоши учители, ама кои сепак сеуште осеќаат желба за вистинска љубов и вистинска среќа. Праша Папата како на овие млади да им биде соопштена надежта? Главната должност која не вклучува сите нас е новата евангелизација, која може на новите генерации што доаѓат, да им помогне да го откријат вистинското лице на Бога кој е Љубов, истакна Папата и повика на веродостојно сведочење на христијанската надеж, но чекорите на свети Павле кој ја најде Божјата љубов во Исуса Христа, и му го има променето животот. Тој е оној кој му дава смисол на животот, истакна Папата. Надежта се раѓа кога се оди кон Исуса; тој самиот ни доаѓа во пресрет. Пед се Папата истакна дека патиштата за неговото наоѓање е постојната молитва – и тоа посебно во заедништво со другите, потоа уклучување во групите, движењата кој се на патот на верата, потоа слушање на Божјето слово и Евхаристијата околу која се рага и расте Црквата, големата фамилија на христијаните.

Папата Бенедикт XVI ги повика и самите млади да ја штитaат ова надеж, и да не се обесхрабруват пред искушенијата и тешкотиите. Бидете стрпливи и постојани победувајќи ја природната наклоност на младите на брзање и желба за се и веднаш. Донесете одлука која ја покажува вашата вера; покажете дека ја имате разбрано опасноста од обожувањето на парите, на материјалните нешта, кариерата и успехот, и не дозволувајте да ве привлекуваат овие лажни измами. Не верувајте во егоистичната логика, но негувајте ја љубовта кон ближниот ... секогаш спремни да одговорите, кои и да ве праша која е причината за надежта што е во вас. Вистинската вера го осветлува животот. Навистина, вистинскиот христијанин никогаш не е тажен, иако мора да се соочува со разни искушенија, бидејќи Исусовата присутност е тајна на неговата радост и мир – нагласи Папата и на сите им даде пример Марија, мајката Божја, која во постојана надеж, остана под Исусовиот Крст.







All the contents on this site are copyrighted ©.