2009-02-26 10:45:34

Папата ги предводеше обредите на Пеплосувањето за почеток на Постот


Денес, Пепелна Среда, за Црквата почнува времето на строгиот Пост. Папата поладнето ќе ја предводи, во базиликата на Св. Сабина на Авентино, евхаристиската слава со обредот на благослов и пеплосување. Мисата е предводена од пенитенцијалната порцесија која ке тргне од црквата на Свети Анзелмо. И двете настани ќе бидат дирекно пренесени на нашето уредништво во 14:25ч. Во овогодишната порака Папата ги повикува христијаните повтрно да ја откријат вредноста на постот. Овој документ го изнесуваме заедно со зборовите поврзани на лиртургискиот пост, кои папата ги изговори на таа пригода. Од Серџо Чентофани:


Во својата порака Папата повикува да се медитира над постот кој Исус го помина 40дни и ноќи во пустината. „Вистинскиот пост – нагласи- е одреден да се храни од „вистинската храна“, а тоа е да се врши волјата на Отецот“:

„Постот на кој не поканува Црквата во оваа време, јасно дека не е плод на физички или естетски мотивации, туку произлегува од потребата на човекот, да се прочисти внатрешно која ќе го дезинфецира од загадувањето на гревот и злото, која ќе го воспита на оние исцелитени одрекувања кои ќе го ослободат верникот од робството на своето јас, ќе го направи повнимателен и достапен за слушањето на Божјето Слово и во служењето на браќата„ (проповед од истиот празник 21 феб. 2007)


Постот, поттикнат од љубовта кон Бога, е „слободниот избор да се одречеме од нешто за да им помогнеме на другите“:


„Кој почнува да го гледа Бога (...) го гледа и братот свој со поинакви очи. Го спознава братот, неговите потреби. Поради ова Постот, како слушање на Вистината, е во ист момент време кое ни служи да се обратиме кон љубовта (...) неопходно да се преобратиме кон љубовта!“ (Генерална аудиенца 2006 во март)

Исус Христос беше искушуван во пустината: така, кој сака вистински да го следи Господа треба да се подготви на искушувањето. „Тоа е постот, објаснува Папата, и е од голема помош за да се избегне гревот“. Еве што навистина значи влегување во постното време:


„Значи да се почне период на посебен труд во духовната борба која не става против злото присутно во светот, во секој од нас и околу нас. Значи да се гледа во очите на злото и да се влезе во борбата со неговите ефекти, посебно со неговите причини, се до последната, кој што е сатаната“. (Ангелусот од 10 фев. 2008)

Папата не повикува да се спротивставиме во оваа борба „со поголем труд во молитвата“ потсетувајќи дека „постот е душата на молитвата“ како што велеше Св. Петар Христоучутелот: „кој се моли нека пости“:


„Без молитвената димезија, човековото „јас“ ризикува да се затвори во себеси, и совеста, која треба да биде ехо на гласот божји, ризикува да се постави како огледало на тоа „егото“, на тој начин што внатрешниот колоквијум станува монолог отворувајќи им влез на илјада себе-оправдувања“. (Проповед на мисата за Пепелната Среда, Базилика Св. Сабина 6.02 2008)

„Егото на тој начин ризикува да стане „бог“. Додека „со постот - пишува Папата во пораката- верникот сака послушно да се подложи под Бога, предавајќи и се на неговата добрина и милосрдие“:


„Обраќањето се состои во слободното, и со љубов, прифаќање на нашата зависност, во се, од Бога, вистинскиот наш Створител, и во зависноста од љубовта. Ова не е зависност ма слобода. Да се преобратиш значи да не го следиме нашиот личен успех – што е една појава оја не поминува – туку, напуштање на секоја човечка сигурност, да се ставиш со доверба и едноставност Христово следење, бидејќи за секого Христос треб да стане – како што често повторуваше блажената Majka Тереза од Калкута – моето се' во се“.(Генерална аудиенција од 21.02 2007)
 








All the contents on this site are copyrighted ©.