2009-02-26 10:48:13

Значењето на христијанскиот пост во однос на другите религии. Размислување за постот на крадиналот Паул Јозеф Кордес


„Во денешно време, се чини дека употребата на постот ја има изгубено својата духовно вредност и ја има заменето со она што е потрагата по материјалната благосостојба во денешната кулутура, вредност која се зема во предвид единствено како нега за своето тело“. Ова е едно од размислувањата кое бара поголемо внимание во пораката на папата Бенедикт 16-ти за Постот во 2009 г. Денес Папата, не ја оддржи утринската аудиенција, туку ќе го води обредот на благословувањето на Пепелта и „пепелосувањето“, како знак на почеток на Постот, на крајот од службата во римската Базилика Св. Сабина. Интервју со кардиналот П. Јозеф Кордес, претседател на Папскиот Совет „Кор Унум“, кој се задджува на вредноста која Папата Бенедикт му ја препишува на христијаснкиот пост. Од Роберто Пјермарини:


*********
Многу сум задоволен што Папата ја одбра оваа тема. Живееме во еден свет кадешто постоји култот на телото. Вистина е дека Св. Павле рече: „Никој никогаш не си го презирал телото“ и значи важно е да си го сакаме телото. Но понекогаш оваа нега е претерана. Само во Германија се продадени 18 милиони кит за слабеење. Знаеме сите дека треба да ограничиме во екцесивното негување на телото. Меѓу другото, и други религии го практицираат постот. Како што е Рамадан во Исламот: во еден котекст на верските различности, значи, многу важна задача е да се нагласи пред се постот а потоа и да се открије посебноста на христијаните.


Не мислите ли дека оваа претерана нега на телото може да доведе до идолатрија кон сопственото тело?
Јасно. Римјаните велеа „менс сана ин корпоре сано“. Здравиот разум има потреба од здраво тело. Телото има своја вредност, не можеме оваа да го негираме. Но, негирањето на телото може да носи големи ризици. Сета реклама, на пр. ретко претставува старци кои стрдаат. Телото е секогаш во преден план, на начин што ние не сметаме дека она што го сочинува телото и што е најважно од него се духот, волјата слободата. Овие вредности се апстрактни, но многу важни за телото да се оддржи во една здрава и правилна состојба. „Култот“ кон телото е многу опасен. Во Германија постоше дури и сапун кој се нарекуваше „Култ“. Ова, очигледно, не значи дека не треба да се негува телото, но не треба да се претерува со желбата телото да ја доминира човечката волја, во тој случај телото се претвара во тиранин.


Во што се разликува христијанското постење од она во другите религии?
Ако гледаме во другите религии ќе откриеме дека исламот – на пример – има еден однос кон Створениот како и христијанството. Исламот неможе да открие никаков елемент од она божјето затоа што Бог е многу далеку од створението: има еден голем абис помеѓу Бог и неа. Бог го инспирира створеното со помош на законот, шаријата, нема никаков личен однос со створението. Додека, христијанството може да се поистовети со Створениот, затоа што Христос е Синот Божји и се вплотил, го зеде нашето тело. Ова е една ненадминлива работа, затоа што на овој начин ние во постот може да ја најдеме христовата личност. Христос е нашиот пример, тој отиде во пустината и така можеме да ја најдеме неговата личност во постот. Ми се чини дека сите методи во постот се многу важни, но целта е таа да го видеме Христа додека постеше во пустината: таму се наоѓаме пред една личност. Исламот се наоѓа пред законот, пред еден многу далечен Бог, ние го имаме Христа до нас кој ни дава пример како да постиме. Методите на постот ја имаат ова цел и сами по себе не се многу важни: важно е да го пронајдеме Христа. Папата вели во својата порака дека посто ни помага целосно да се му посветиме на Бога.


Еминенцијо, може ли, своеволниот пост во ова постно време, да помогне во намалување на гладот во светот?
Папата го рече ова многу јасно во пораката. Ако јас се одречам од нешто добро и потребно за моето тело, ке ми остане и некој денар повеќе. Ако си ја скратам телевизијата за некое време, ќе имам повеќе време да се молам. Ако ја избришам горделивоста од моето срце, можеби ќе ми дојде желба да се исповедам. Така, постното време за мене ќе биде време за продлабочување на христијанскиот живот. Е ако една духовна вежба. Црквата ни ги нуди овие 40 дни за да се подготвиме за Воскресението. Задоволен сум поради ваквата порака, бидејќи некогаш во светот подготовката за Велигден беше чиста формалност, и луѓето мислеа дека ако дарува нешто е доволно за да се подготви за Велигден. Додека, оваа Порака за постот, Папата не поучува дека освен паричните дарови, постојат и други елементи кои не посочуваат кон виситнскиот смисол на постот, којшто значи подготвување за велгиденското славење, смртта и восркесението Христово. Само оној кој е мртов може да ја осети радоста на Воскресението и само оној што вистински поминал преку смртта, негирајќи се себеси, ќе ја имам среќата да го прослави вистинскато Воскресение во велигденското бдеење".








All the contents on this site are copyrighted ©.