2009-02-24 14:19:49

Писмо од букрешткиот Архиепископ до кардиналот Бањаско за злочините што ги изврпија некои романци во Италија


Католичката Црква во Романија се соединува со онаа во Италија во отфрлувањето и осудувањето на сите криминали и друг вид прекршоци сторени во Италија“ од некои сонародници“. Секое зло кое тие го сториле не понижува и исполнува со презир“, пишува архиепископот до претседателот на романската епископска Конфереција, Монс. Јоан Робу, во писмото испратено денес до кардиналот Анџело Бањаско, претседател на ЦЕИ. „ Убеден сум дека ова се чувствата на сите романци, и на оние кои работат во Италија почитувајќи се себеси а и нивните браќа италијанци“. Претседателот на романските владици, и се заблагодарува на италијанската Црква за „добрато и братско прифаќње“ „секогаш покажана кон романските заедници, отстапувајќи цркви и простори за соодветно душебрижништво“ и за повторуваните ставови во однос на имигратите во духот на солидарноста и на покажаната братска љубов. „Убедени сме – завршува монс. Робу – дека пријателството помеѓу италијанците и романците како и заедничката солидарност против сите форми на злото, ќе можаат да го надвисат и победат секое искушение да се гледа само злото.








All the contents on this site are copyrighted ©.