2009-02-24 14:15:47

Бенедик 16-ти до научниците: не на еугентиката која ја селкционира физичката перфекција, а го отфрлува болниот и слабиот живот. Човекот е повеќе од своето генетско наследство


Cо фактот дека доаѓа на свет, секое човечко суштество има еднакво достоинство. Тоа достоинство ги надминува сите суми на генетски фактори. Според тоа, врши „атентат врз човештвото“ науката која ги дискриминира личностите врз оснува на физичката ефикасност или убавината, или која го поништува почетокото на животот на еден заболен или слаб живот. Со таков убедлив говор, Бенедикт 16-ти денеовиви се обрати пред научниците кои учествуваа, изминативе два дена, на 15-тата Папска Акедемија за Животот, посветена со посебно внимание на ризиците на еугентиката. Од Алессандро Де Каролис:


„Човечкото раѓање никогаш неможе да биде сведена на чиста рипродуциа на нова индивидуа од човечкиот вид, на начин на кој се случува тоа кај било кое животно. Секое појавување на свет на една нова персона, секогаш е едно ново створение“. Бенедикт 16-ти со овие зборови ги потсети аучниците на границата, која тие со нивнато изобилство на генетичката инженерија, тешко ја почитуваат, признавајќи, во ист момент, дека напредокот на биолошките науки роди такви познавања што овозможуваат не само „ ефикасна и предвремена дијагноза на генетските болести“ туку и индивидуализирањето на терапиите одредени да ги ублажуваат болките на болните, и во некои случаеви, дури и да им ја вратат надежта за да си го повратат здравјето“. Во секој случај, медицинската страна во сенка – рече Папата – е претставена токму во „еугенетичките опасности (ризици)“, или поточно во селекцијата на расата, праткика – означи тој – која сведочи во минатото за остварувањето на некои нечуени форми на автентична дискриминација и насилство“:


И покрај тоа, се појавуваат и до денешен ден загрижувачки манифестации на оваа запрепастувачка практика, која се појавува во различни делови. Сигурно, не се предложуваат рационални и евгенетични идеологии кои во минатото го понижија Човекот и беа причина на различни страдања, но му се отвара пат на еден нов менталитет кој што тежнее кон оправдување на еден различен став за животот и достоинството на индивидуата базирано на своето лично право и според личните желби“.

Со други збпрови, продолжи Папата:
„Се тежнее, значи, кон она што ќе ги привилегира оперативните спосопбности, делотворноста, физичката совршеност и убавина на штета на другите димензии кои се сметаат за недостоинствени. На тој начин е ослабната почитта на која има право секое човечко суштество, дури и во присутност на некоја неправилност во развојот или генетска болест која би се манифестирала во иднина во животот, а осудени се уште од почетокот децата чиј што жувот е пресуден како недостоен да биде живеен“.

Напротив, потврди Бенедикт 16-ти, секое човечко суштество „ е многу повеќе од една обична коминација на генетски информации кои му се пренесуваат од родителите“. И, значи, секоја „дискриминација извршена од било каква власт над индивидуи, народи или етнии врз основа на разлики сведене на рални или паушални генетски фактори е атентат против целото човештво“.


„Она што треба да се потврди со сила е еднаквоста на достоинството на секое човчко суштество, поради тоа што е дојдено на живот. Билошкиот напредок, психичкиот, културниот или здравствената состојба неможаат никогаш да бидат мотив за дискриминација. Потребно е, напротив, да се зацврсти културата на прифаќањето и љубовта кои конкретно ја потврдуваат солидарноста кон оној што пати, срушувајќи ги препреките кои општеството често ги изградува дискриминирајќи ги инвалидите или носител на патологии, или уште полошо достигнувајќи до селекцијата или одбивањето на нечиј живот во има на идеал изграден спроед здрајвето и физичкато совршенство“.


Во оваа призма, доврши Папата, нема место за оној „доста распостранет генетски ридуционизам„, кој е способен да ја иднетифицира личноста есклузивно со код на кенетската информација и на нејзините интеракции со амбиентот“ и дека пред се многубројните науки, кои наместо да соработуваат, се изолираат „претензирајќи да го имаат завршниот збор над човекот“. Кој, заврши, „ќе биде секогаш поголем од сето она што го формира неговото тело“. Бидејќи ја носи со себе силата на мислата, која е секогаш сконцентрирана на вистината за себе и за светот“:


„Се враќаат, полни со значење, зборовите на еден голем „мислител“ кој беше и вреден научник, Блез Паскал: „Човекот не е друго но една трска, најслабата во природата, но е една трска која размислува. Не е потребно да се навооружи цел космос за да се здроби; една пареа, една капка вода е доволно зад а го убие. Но дури кога и целиот космос би го здобил, човекот ќе остане секогаш поблагороден од она што го убива, бидејќи тој знае дека умира и ја познава супериорноста што космосот ја поседува над него; космосот пак, не знае ништо“.









All the contents on this site are copyrighted ©.