2009-02-23 11:00:26

Пекинг: САД и Кина поблиски


Кина и САД заедно против кризата. Државниот секратар на САД, Хилари Клинтон, од вчера во посета на Пекинг како дел од нејзиното патување во Азија, ги продолжи економските односи помеѓу двете држави за да како би се ориентирал продолжувањето на интернационалната економија. Од Марко Гуера:

 
САД тежнее кон позитивни релации и соработка со Кина. Вториот ден од посетата, Клинтон инсистира на потребната заедничката стратегија помеѓу двете суперсили со која би и и се спротивставиле на екомскат криза во светот. „Заедно работејќи - додаде шефот на американскта дипломатија за печатот, по средбата со кинескиот министер за надворешни работи – САД и Кина можаат да го изнесат светот од економската криза“. Пекинг, од своја страна, возврати на таквото „отварање„ потврдувајќи ја својата доверба во „боновите“ на американското богатство каде веќе има инвестирано 700 милијарди американски долари. Кинескиот министер за надворешни работи најави дека кинескиот претседател, Ху Џинтао, и американскиот, Барак Обама, ќе го оддржат нивната прва билатерална средба во Лондон, каде ќе присуствуваат и двајцата по повод Г20, самит во кој се гледа голема надеж за интернационалната економија. Меѓудругото, останува во полемика изјвата на Клинтон за човековите права, според која ова прашање не треба да попречува во соработката помеѓу Пекинг и Вашингтон.


Хуманитарните организации на таквата изјава, меѓу кои и Amnesty International се изјаснија „шокирани“ и „крајно разочарани“ од позициите кои ги застапува амерканскиот државен Секретар.








All the contents on this site are copyrighted ©.