2009-02-19 10:34:10

Папата на денешната аудиенција зборува за Пречесниот Св. Беде и се моли: Европа да се пропознае во своите христијански корени со цел да биде “похумана“



Религиозното воспитување нека биде негувано на постојан начин, со цел она што се слави во литургијата, да се „репродуцира во живот“. Е една од темите од современето христијанско учење, кое папата Бенедикт го цитира од делата на Пречесниот Св. Беде, за кој Папата на денешната аудиенција рече дека е еден од најпознатите фигури од средновековното наследство“. Со својата наука – рече тој пред околу 20 000 присутни верници на плоштадот– Св. Беде допринесе „за создавањето на христијанската Европа“. Континент за кој Бенедикт се надева дека ќе се врати да се‘ пронајде во своите антички корени. Известува Алесандро Де Каролис:
*********
Теолог, библист, лиртургичар, црковен историчар. Пречесниот Беде е повеќестручен гениј, типичен за средновековното доба, во кое научникот истовремено и вешто се служел со повеќе дисциплини. Но е истотака и многу актуелен учител и пример за христијанскиот живот, кој веќе пред 1300 години, сугерираше да се изградат институции и социјален живот врз основата на Евангелието. Нему – кој живееше при крајот на 7. и првите децении на 8. век во Свероисточна Англија- му должиме за сето негово учење, за она што Папата го нарече адекватно за сите доби во животот на еден христијанин. Попрецизно рече:
 
На научниците им напомена, пред се, две важни задачи: да ги набљудуваат чудата на Божјето Слово за на верниците да им ги прикажуваат поатрактивни; да ги изнесуваат догматските вистини избегнувајќи ги еретичките компликации и оддавајќи се на католичката едноставност, со однесувањето на малечките и послушните на кои Бог со задоволство ќе им ги открие тајните на Царството небесно“.


На оние пак, кои имаат душебрижни одговорности, Пречесниот Беде им суѓерира да проповедаат со народнато, човечко Богољубие – со иконите, процесии, поклоненија – и да ја фаворираат употребата на „народниот јазик“ во Црквата“. На Бога посветените, пак, им посака да ја негуваат аскезата и контемплацијата, но и апостолатот. Квасец, кој според „Пречесниот“ се преведува со „слика“, онаа на една „индистријализира Црква“, украсена со маките на евангелизацијата“. Црква – продолжи Папата:


„со намера да одгледува и култивира и други ниви или лозја и меѓу новите популација да основа, ‘не една привремена вила, туку еден постојан дом‘, односно да го внесе Евангелието во природата на општествените и културните институции. Во овој поглед, светиот Доктор ги поканува верниците да бидат постојани во верската наука(...) ги учи нека се молат постојано, ‘со цел сето она што го славаат во литругијата да вроди во животот“.


За време на катехезата, Папата го опиша постепено Пречесниот Беде експерт за Светото Писмо, „генијален учител на литургиската теологија“, внимателен историчар на Црквата од која излвекува пред се‘ хронологија на првите екуменски Собори и опишување на ересите кои истите го осудија. Тој е автор на познатата „Црковна историја на народите на Англите“, што го прави татко на англиската историографија, но пред се – потврди папата Бенедикт – татко на една целосно христолошка визија за Црквата, каде што, всушност, Стариот Завет го пронаоѓа своето објаснување и исполнување во Христа:


„Карактеристичните белези на Цкрвата, за кои Беде со задоволство зборува се: прво, католиштвото како верност на традицијата и со тоа порта на историските напредувања, е пронаоѓање на единството во мноштвото, во различността на историјата и на културите (...). Второ, апостолството и римјанството: што се однесува до тоа бара да ги убеди сите Иро-келтски Цркви и оние на Питејците да го славаат Воскресението Христово спроед римскиот календар“.


Катехезата – оддржана по прв пат, после врнежливите денови, на плоштадот Св. Петар иако доста луто време сепак почестена од убавиот и сончев ден, беше затворена со последните заклучоци од страна на Светиот Отец дека делата на св. Беде се распространија во многу краишта од средновековната Европа:


Факте е дека, со неговите дела, Беде придонесе ефикасно за содавањето на христијанската Европа, во која различните култури и народи се соединија меѓу нив, означувајќи како заедничка и обединувачка, инспирирана од христијанската вера. Да се помолиме за и денес да има такви личности по мерата на Беде, кои ќе помогнат во обединувањето на целиот Континент; да се молиме и за да сите ние да ги пронајдеме нашите заеднички корени, со цел да бидеме и ние оснивачи на една Европа, длабоко хумана и атунтично христијанска“.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.