2009-02-19 13:06:16

Кардиналот Аринзе ќе ги води духовните вежби во велигденскиот пост во Ватикан



Кардиналот Френсис Аринзе, пензиониран префект на Конгрегацијата за литургија и Сакраментална дисциплина, ќе ги оддржи духовните вежби за папата Бенедикт 16-ти и Римската Куриа од 1-ви до 7-ми март во Ватикан, во капелата „Редемпторис Матер“. Овогодишна тематика на вежбите ќе биде насловена „свештеникот го среќава Христа и го следи“. Првомартовскиот ден ќе започне со евхаристиското изложување и обожавање, во 18.00, после тоа се молат вечерните молитви, првата медитација и благослов. Во деновите што следат се предвидени утринските молитви во 9.00, и третиот час во 10.15, што ќе бидат препратени со две медитации. Во 17 часот кардиналот Ариензе ќе ја оддржи третата медитација, после која следуваат вечерните молитви, евхраистиското обожавање и благословот. Во сабота, пак, по утринските молитви, заклучната медитација.








All the contents on this site are copyrighted ©.