2009-02-16 11:30:41

Една мала Држава во една голема мисија: Папата на роденденот на Ватиканската Држава


Ватиканската Држава е важно средтство за да и овозможи на Црквата да си го исполни мандатот кој и беше доверен од Христос - потврди Папата утрово по повод аудиенцата во салата Клементина, пред учесниците на церимонијата во чест на 80-те години од основањето на Државата, со наслов „ Една мала територија во така голема мисија“. Кардинаналот и претседател на владата, Џовани Лајоло му се обрати на Папата со почести, промовирајќи го настанот. Од Алесандро Џизоти:


Со насловот, Папата Бендикт 16-ти, ја посочи, на посебен начин, духовната и граѓанската вредност на Ватиканската Држава, предаден целосно на големата мисија доверена од Исуса на апостолот Петар и на неговите Следбеници, опишувајќи ги најзначајните карактеристики на Ватикан:


 „Чивитас Ватикана“ претставува всушност една невидлива точка на светската географска карта, мала Држава без никакви заканувачки афинитети, причинувачки ирелевантна во големите геополитичко-интернационални стратегии. Токму оваа апсолутна независност на Светата Столица е светлоносно седиште во постојана акција во корист на солидарноста и благосостојбата на сите луѓе“.


Во Ватикан се наоѓаат многу ризници на верата, на историјата и на уметноста, а чува и цело непроценливо наследство за целото човештво“, додаде Папата, „од неговото срце, каде при гробот на св. Петар живее Папата, се крева една постојана порака за социајлен напредок, надеж, помирување и мир“.


Бенедикт 16-ти ја образложи темата со цел да го продлабочи познавањето на историјата и суштината на Чивитас Ватикана. Таа е една реалност која не секогаш е добро разбрана во светот поради она што е и поради многуте задачи на чие извршување е повикана: „Оној кој работи секојдневно во службата на Светата Столица или оние кои живеат во „Урбе“ го потврдуваат фактот дека во срцето на Рим постои една мала Држава , но не на сите им е познат историскиот процес колку и да бил измачувачки, ја овозможи изградбата, мотивирана со други верски вредности и со визијата за спознавање на потребите кои требаше да се задоволат“.


Папата се врати со сеќавањето на 11 фебруари ’29, размислувајќи и со длабоко признавање на Пио 11-ти, кој беше со „блескава визија и нескршлива желба, вистински основач и првиот градител на Ватиканската Држава„. Таков Папа, рече тој, кој ја водеше Црквата низ доста тешки времиња и мораше да се справува со потешкотиите и прогонувањата кои Црквата ги претрпи во Шпанија и Мексико и со битката кон која водат оваквите тоталитаризми присутни во тие години“:


Навистина се останува воодушевени пред мудростта на делото на овој Папа, кој на Црквата и ја посакуваше слободата која би и овозможила да ја извршува целосно својата мисија. Во Ватиканската Држава, воздигната после Латеранските Договори, папата Пио 11-ти виде еден иснтрумент со кој ќе се загарантира потребната независност од секоја човечка моќ, за да и даде на Црквата и на Врховниот и Пастир можност да го исполни во целост мандатот добиен од Господ Христос“.


Значајната годишнина, која овие денови ја спомнуваме - рече Папата- „е причина за длабока благодарност кон Господа, кој ја води својата Црква по немирните води на историјата“. Така ги бодреше „оние кои работат во различните ватикаснки канцеларии и служби, да ги извршуваат нивните задачи не само со чесност и професионална компетентност, туку и со секогаш присутното совесност дека нивниот труд е скапоцен дар и придонес за Царството Божје“. И посака уште Државата, по своите 80 години, да го продолжи патот со уште поглем апостолски стремеж“.








All the contents on this site are copyrighted ©.