2009-02-14 19:56:31

Хрватско – римската заедница го прослави денот на блажениот Степинац


Од смртта на кардиналот Алојзије Степинац, надбискуп на Загреб, на 10 февруари 1960 се до денес, хрватско – римската заедница секоја година во црквата св. Јероним во Рим се собира на евхаристиска слава. Оваа година во вторникот на 10 февруари литургијата ја предводеше кардиналот Франсис Аринзе, поранешен префект на Конгрегацијата за Богопочитување. Заедно со него целебрираа главниот секретар на Бискупскиот синод, надбискупот монс. Никола Етреровиќ, барскиот надбискуп монс. Зеф Гасхи, директорот на институтот св Јероним монс. Јуре Богдан и другите директори на папските колеџи на Германија, Шпанија, Унгарија, Аргентина, исусовскиот меѓународен колегиј, ректорот на богословијата „Седес Сапиенцие“ и околу 50 други свештеници. Повеќе од нив се на студии или на служба во Рим. На почетокот на богослужбата монс. Богдан, ректорот на институтот, ја истакна поврзаността на хрватско – римската заедница со Црквата во Хрватска, како и оваа во Загреб во прославувањето на блажениот Степинац. Потоа ректорот му се заблагодари на кардиналот Аринзе за тоа што го прифатил повикот за да ја предводи богослужбата за блажениот Степинац. Институтот и црквата св. Јероним настанале како спомен на блажениот Степинац, каде би се можело богослужбата да ја предводи еден од кардиналите на Римокатоличката Црква. Овојгодишниот предводувач, кардиналот Аринзе, роден е во 1932 во Нигерија. На 9 години е крстен и го добива името Франсис. За свештеник е ракоположен во 1958. После седум години е именуван помошен бискуп, а потоа надбускуп во Оихсте во Нигерија. Од 1984 е во служба во Ватикан, а од 1985 е „створен“ кардинал. Од 2002 до 2008 беше префект на Конгрегацијата за богопочитување. Својата проповед базирајќи се на библиските читања како и на животописот на блажениот Алојзије Степинац, кардиналот Аринзе посебно го издвои наследството Степинчево на Христовата Калварија: «Кардиналот Алојзије Степинац, неуморно го проповедаше евангелието. Го следеше Исуса се до Калварија. Го подигна гласот против неправдата за одбрана на човечките права. Кардиналот Степинац во својата проповед во 1943 год. рекол „ Католичката Црква не познава повеке раси на господари како и повеќе раси на робови. Црквата познава само една единствена раса: луѓето како створенија Божји». Во тој дух кардиналот ги поттикна присутните: «Да можеме да ја наследиме фасцинантната храбост и сила од блажениот Степинац, навистина мора да се молиме. Исус не води само на едно место: „Кој сака да оди по мене, нека се откаже од самиот себе, нека го земе својот крст, и нека врви по мене. Кој сака да го спаси својот живот, ќе го изгуби, а кој ќе го изгуби својот живот заради мене, ќе го најде“. А на друго место не поучува: „Никој нема поголема љубов од оваа: дека кој ќе го положи својот живот за своите пријатели“. Да се научиме од блаженикот како треба да му го принесуваме зивотот во целост на Бога, кој неизмерно не љуби.»


Литургијската асистенција под водство на Дрио Тачиќ, ја извршија хрватските богослови Германско – Унгарскиот колегиј. Литургијското пеење го предводеше хорот од срквата св. Јероним на чело со о. Жељко Мaјиќ, заменик директор на институтот и црквата.


Во црквата, покрај голем број италјански и хрватски верници, студенти свештеници, лаици, беа присутни и голем број државни преставници од соседните земји, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора како амбасадорот на Р. Македонија при Светата Столица, г. Б. Кајтази.








All the contents on this site are copyrighted ©.