2009-02-14 12:38:05

Папата пред претставниците на американските Евреи: Неприфатливо и невозмозно е да се заборави или негира ужаста на холокаустот



Неприфатливо и невозмозно е да се заборави или негира ужаста на холокаустот – предупреди Бенедикт 16-ти, говорејќи пред делегацијата на Конференцијата за главните еврејски организации во Америка. Папата одлучно потврди дека Црквата непоречно го отфрлува секој вид на антисемитизам, истотака најави дека се подготвува да го посети Израел.


Рабинот Артур Шнајер, го поздрави папата Бенедикт, истиот тој го прими во синагогата во Њу Јорк, по повод неговото понтификалното патување во САД. Црквата вистински и неотповикувачки се залага за отфрлување на секој вид на натисемитизам и за израдбата на добри и трајни односи меѓу Католиците и Евреите – трвдеше Бенедикт 16-ти пред претставнците на Американските Евреи. Потоа зборуваше и за трагедијата на холокаустот. Омразата против мажите, жените и децата која се виде во холокаустот, нагласи Папата, беше злочин против бога и човештвото. Тоа мора да им биде јасно на сите, особено на оние кои ја почитуваат традицијата на Светото Писмо, според која секој човек е створен спред Божјата слика и сличност, предупреди Папата додавајќи дека не е допуштено и возможно било какво негирање и смалување на овој злочин. Тоа ужасно поглавје на нашата историја – како што рече- никогаш не смее да биде заборавено. Напомена за во иднината дека треба да се концентрираме на помирувањето. Да се споменува, да се памти, значи– примети Бенедикт- да се прави она што е можно да со изградба на мостови на долгорочни пријталества кои ќе ја спречат да се повтори оваков вид катастрофа во човечката фамилија. Папата ја осигура својата молитва за да „сеќавањето на тој застрашувачки злочин ја зацврсти нашата подготвеност со која ке ѓи лечиме раните кои предолго ѓи оптеретуваа односите помеѓу нашите две верски заедници“. Бенедикт 16-ти потсети уште и за неговата посета на Њу Јорк во 2008 г., на Келн 2005 како и на трогателната посета на Аушвиц: „во моментот кога го проаѓав влезот на тоа место - рече Папата – размислував за бескрајниот број затвореници кои биле во Аушвиц и во другите логори за истребување. Децата на Авраам, измачени и тажни, нема друга потрекпа освен верата во Богот на своите отци, вера која и ние ја делиме со вас, наши браќа и сестри. Како можеме- се запраша- да поченеме да ја сфаќаме големината на тоа што се има случено во тој злогласен затвор? Севкупното човештво осеќа срам поради виденето дивјаштво и свирепост кон вашиот народ, рече Папата потсетувајќи како сако да го посети Изрел: света земја за Христијаните како и за Евреите бидејќи токму таму се корените на нашите вери. Упте од почетокот на христијанството, нашиот идентитет во секој поглед на животот, е тесно поврзан со нашите отеци во верата. Двемиленимукста историја на односите помеѓу Црквата и евреите – потврди – се одвиваше низ различни етапи, и тажно е да се осврнуваме на некои од нив. Сега веќе кога сме во состојба да се сретнеме во духот на помирувањето не смееме да дозволиме тешкотиите од минатото да ни го отежнуваат зајачувањето на нашето пријателство. Папата потести на концилната декларација „Ностра Етате“ како знак кој не води кон помирувањето. Тој документ јасно ги означи приближувањата на Црквите во односите помеѓу евреи и христијани, рече Бенедикт посочувајќи на посетата на папата Јован Павле II на ѕидот на плачот во Ерусалим, повтрувајќи ја молитвата која ја остави тогач: „Боже на нашите отци, молејќи за простувње, сакаме да се залагаме во заедничкото братство со народот на заветот“.


Рабинот Артур Шнајер истакан пак во поздравниот говор дека средбата со Светиот Отец, служи за взаемно разбирање посебно во болните и тешки денови после зборивите на еден од владиките на братсвото Пио 10-ти. „Ви се заблагодараувам што ја сфативте нашата болка и тешката состојба, за цврстата изјава за непоколеблива солидарност со еврејскиот народ и за осдувањето на секавото негирање на холокаустот“ истакнувајќи како посебните напори на актуелниот Папа како и тоа на неговиот предходник папата Јован П. Втори потикнуваат да се зацврстат уште повеќе односите помеѓу христианите и Евреите во целиот свет. Алан Солов, претседател на еврејската организација во Америка, исто така се осврна на важноста на оваа средба во Ватикан за осудување на секаков вид на антисемитизам. Говорејќи за за идното патување на Папата во Израел рече: „Добредојдени, го цениме планот за патување на Папата во Израел. Народот и израелските власти, како и ние, со нетрепение го очекуваат тој ден. Света Земја има навистина големо значење за нашите вери“, заклучи претесдателот Солов.









All the contents on this site are copyrighted ©.