2009-02-14 19:56:17

Папата на концертот за 80 годишнината на Ватиканската Држава


“Ватикан е онолку од телото колку што е потребно за да се одржува единството на душата“, рече папата Бендикт на крајот од концертот во аулата Павле 6-ти, по повод 80 год-ната на државността. Настапија оркестар од Ирската Радио Телевизија со хенделовата „Месија“ во придружба на хорот на Даблинската Катедрала. Папата им се обрати велејќи дека богатството на хармонискиот спој меѓу музиката и напевот му помагаат на човекот во контемплацијата. Сетоа ова преставено во верски амбиент ја отсликува и преставува на совршен начин мистеријата на самата вера а и помага на педагошки план.


Музиката како уметност може да биде посебен начин за навестување на Христа, затоа што со својот посебен речник успева да ни ја доближи и да ни ја поедностави Христова тајна.


За Папата овој ден е од посебна големина; значаен јубилеј, историски настан за кој треба да му се заблагодариме на папата Пио 11-ти, додаде Бенедикт: Тој навестувајќи го склопувањето на латеранските Договори пред се создавањето на Ватиканската Држава, ке се осврниме на зборови од Св. Франческо од Асизи. Рече дека новата природа на совраниот беше за Црквата, како и за „Бедниот“, она малку од телото што беше доволно за да си ја оддржи еднината на душата“
Потоа со молитва се обрати Господ да ја води Црквата низ не секогаш мирните случувања низ историјата е да продлжи да бдее над оваа мала Држава:


„Го просиме пред се да му помага на петровиот Наследник, со силата на Светиот Дух, за да може да ја врши со верност и ефикасност должността која се темели врз еднинството на Католичката Црква, која во Ватикан го има својот видлив центар, и се протега дури до последните граници на Светот“.








All the contents on this site are copyrighted ©.