2009-02-14 12:52:47

Отворена е изложбата во чест од 80-те години на Ватиканската Држава


Ќе биде отворена до 10 мај изложбата од 80 години на државноста на Ватикан. Инаугурирана минатата среда изложбата беше подготвена во „Braccio di Carlo Magno“ до базиликата Св. Петар. Влезот е слободен. Известува Бенедета Капели:


Географските карти кои ја обележуваат територијата и делата по желба на Папата Пио 11-ти, релизирани од илјадници мајстори за да ја прикажат во нејзината вистнска вредност Ватиканската држава. Изложбата пред се, тргнува од овие појдовни точки за на крајот да заврши со две дела од голема важност: тридимензионална фигура изрезбана на дрво од бреза која ја осликува во целост Ватиканската територија денес како и „Чивитас Ватикана“. Изложбата е од непреценлива историска важност, преставува ретки документи, фотографии, интересни предмети и пред се го претставува амбиентот во којшто биле потпишани Латернаските Пакти. По прв пат, публиката може да му се воодушевува на оригиналот на договорот и на прилозите за вон-територијалните места. Во пет секции – Ватикан пред 1929; Папа Пио 11; Латерански Пакти (договори); Изградбата на Државата, различните понтификати кои го сочинуваат уредувањето, но според Барбара Јата една од нив е најзначајна:


„Сигурно четвртата – она од основањето на Државата, каде, на 22 фервруари ’29, се конструира фактички Ватиканската Држава. Занчи ние сакавме да преставиме секој сектор засебно, на секој од нив посветивме посебен простор“.


„Идеата која не водеше беше онаа да претставиме сето она што секојдневно не се гледа: кога се зборува за Ватикан автоматски се мисли на плоштадот Св. Петар, на Базиликата, на Папата, кои ја сочинуваат пред се видливата страна, она повеќе претставителната, но позади сето ова постои мал свет кој живее, кој работи, кој го реализира и ствара сето она што е потребно за Светата Столица, тоа беше замислата на Пио 11-ти, оснивачот – мала држава која сепак ќе и ги приушти потребни и основни начела за да има своја слобода, автономија и независнот за исполнување на својата мисија. Денес, Ватиканската Држава постои и и ја овозможува исполнување на мисијата на Светата Столица, која е таа самата“, овака се изјасни генералниот секретар на Владата на прашањето за улогата на папата Пио 11-ти во основањето на Државата.


Кардиналот Џовани Лајоло, претседател на Владата на Државата во Ватикан, се надоврза: „ треба да се претстави уште повеќе оваа вистина, оваа реалност, мала но толку богата од човечка гледна точка, со сето она што во неа се има искористено, наука, интелигенција, уметност; затоа што често се мисли дека во Ватикан се е мистериозно. Не! Се е толку јасно, многу едноставно, но исто така многу захтевно. Овде може да се добие она вистинска слика на внатрешността на Ватикан, овде се појаувува таа реалност“.











All the contents on this site are copyrighted ©.