2009-01-16 19:57:41

Павловите посланија до Колосјаните и до Ефесјаните во катахезата на Папата на денешната аудиенција


Папата Бенедикт 16-ти во својата денешна катахеза на генералната аудиенција говореше за Павловите посланија до Колосјаните и до Ефесјаните кои имат доста сличности. „Драги браќа и сестри, помеѓу Павловите посланија среќаваме две, до Колосјаните и Ефесјаните, који што се во одредена мера можат да се сметат за слични. Како што може да се види, и во едната и во другата е присутен ист начин на изразување, кој што се среќава само во нив, и е пресметано дека повеќе од една третина на зборовите од посланието до Колосјаните се наоѓа исто така во посланието до Ефесјаните. Како на пример, додека во Колосјаните буквално се чита повикот: “Со псалми и химни, и со духовни песни пеејќи Му на Господа со благодарност во срцата ваши!„ (Кол 3,16), во Ефесјаните се препорачува истото тоа: “Усовршувајќи се со пслами и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господа во срцата ваши„ (Ефес 5,19).


Пред тоа, во двете се наоѓа така наречениот “фамилијарен закон„ кој што го нема во другите Павлови посланија, т.е. користејќи упатувања за мажите и жените, за родителите и децата, за господарите и робовите, според посланието до Ефесјаните поразвиена тема е односот помеѓу мажот и жената со познатата тема помеѓу односот на Христос свршеникот и Црквата – рече Папата. Уште е важно да се констатира дека само во тие две посланија се спомнува насловот “глава„ на Црквата кој сто се додава на Исус Хрситос. И тој се употребува на две семантички нивоа.

Во право значење, во Христа се гледа главата на Црквата. Тоа има двојно значење: пред се дека тој е владател, управител, а исто така и главен и одговорен за водењето на христијанската заедница како нејзин водич и нејзин Господин (спр Кол 1,18 “Он е глава на телото, односно на Црквата„ ; “Зошто мажот е глава на жената, како што е и Христос глава на Црквата“); а потоа дека он е како глава која што цврсто ги поврзува и оживува сите делови од телото над који е поставена (според Кол 2,19 траба да се придружува кон Главата , од Која целото тело, поддржано преку зглобови и врски3). И во еднијот и во другијот случај, Црквата се гледа како подредена на Него, било затоа што од него добива високо водење, било затоа што од него ги прима сите животни сили који доаѓат од него. Таа идеја е посебно обработена во посланието до Ефесјаните, каде што дур цркевените служби, наместо (како во 1 Кор 12) доведува во веза со Сватиот Дух, ги дели воскреснатиот Христос: он е тој кој што “даде едни за апостолите, други за пророците, едни пак за евенгелистите, а други пак за пастирите и учителте„ (4,11). Од Него “сето Тело, склопено и поврзано со различни зглобови е делотворно и примерно на секој поедини дел, напредува во својот раст со зидењето во љубовта„ (4,16). Христос потполно се посветува себеси потполно да ја води Црквата славно, да биде света и бес мани„ – истакна Сватиот Отец.


Дури и целиот свемир подлежи на него и кон него тежи како кон својата глава. Гласни се збпровите на посланието до Ефесјаните, која говори за Божето мислење “за да соедини се небесно и земно под една глава- во Христа„ (1,10). Слицно на тоа се чита и во посланието до Колосјаните “преку Него е создадено се што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо„ (1,16) “и преку Него да измери се со Себе, било земно, било небесно, творејќи мир си крвта на Неговиот крст„(1,20). По универзалнам визија од ова не е мозно да се замисли, и таа наликува само на Христос воскреснатиот. Христос е Пантократор, под кој што се е подложено: во нашите мисли одма ни се појавува Христос како владар на се, кој што ко исполнува вдлабнатиот простор на апсидата во бизантиските цркви, кој понекогаш се прикажува како седи високо над целиот свет или дури и повисоко со што се означува неговата еднаквост со Бог, кој го постави од десната своја страна и има не успоредлива служба од оној во чиј што раце е човечката судбина- потцрта Бенедикт XVI.


На крајот за, веќе порано спомнатиот, појам кој што се однесуваше на Црквата како Христова животна другарка. Во другото послание до Коринтјаните апостолот Павле ја успоредува христијанската заедница со невестата, и пише вака: “Оти за вас ревнувам со ревност Божја; зошто ве обручив за маж, за да ве претставам пред Христа чиста девица„ (2 Кор 11,2). Посланието де Ефесјаните ја продлабочува таа слика, појаснувајќи дека Црквата не е само обеќана, него стварна Христвова невеста. Он ја освоји, да кажеме, за себе и тоа го плати со својот живот: како сто пише во текстот на тоа посланије, “се предаде Себеси за неа„ (Ефес 5,25). Постои ли поголем доказ за љубов од овој?

Во секој случај, посланието е на пола пат помеѓу пророкот Осија кој што го опишува односот помеѓу Бога и неговиот народ како веке склопене женидба, и Откривението на светиот апостол Јован, кој го предвидува есхаталошкото среќавање помеѓу Црквата и Јагнето како радосна свадба која што нема да заврши никогаш. Нека Бог ни помогне повторно да ги откриеме сите важности на тие појмови за нашиот, поединечен и заеднички, христијански живот- ни посака на крајот од својата катахеза Светиот Отец.








All the contents on this site are copyrighted ©.